10 трикови за слоевито облекување кои ќе ви дадат модерен и тренди изглед

10 трикови за слоевито облекување кои ќе ви дадат модерен и тренди изглед

Кардиганот можеби ќе ви држи топло, но сепак не изгледа доволно модерно. Слободно потпрете се на овие едноставни трикови за да останете загреани кога ќе паднат температурите.

1. Не се плашете да покажете кожа

Секако дека сакате да посегнете по омилената удобна јакна кога ќе се намалат температурите, но балансирајте го богатиот горен дел со поедноставен крој во долниот дел. Одличен пример се слип фустаните кои изгледаат неверојатно, а високите чизми ќе изгледаат преслатко во ладната сезона.

1-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

2. Започнете со бела маичка

Носете ја под ексцентрична кошула за строг есенски изглед. Плус, светлата јака го привлекува вниманието кон вашето лице. Ако носите јакна на вашите раменици, ќе изгледате позабавно и погламурозно – дури и ако станува збор за обична тексас јакна.

2-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

3. Двојна функција на модните додатоци

Зачинете го женствениот изглед со долга марама со принт која ќе ја носите на рамениците. За да создадете илузија на потенка половина, користете тенок каиш за да ја прицврстите и ете ви маичка.

3-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

4. Врзете кошула од фланел

Го решава проблемот кога сакате да носите хеланки, но немате соодветна долга блуза. Додадете кожна јакна, интересен шешир и наеднаш имате нова униформа.

4-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

5. Волуменизирајте го целиот изглед

Овие три волуменозни парчиња се многу лесни за носење, полесни и отколку што си замислувате. Трикот се состои во комбинирање на широки мини шорцеви со широка блуза под пончо. За да го избалансирате овој ризичен изглед, истакнете ги нозете.

5-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

6. Носете кроп топ врз блуза или кошула

Тесниот кроп топ врз бела кошула ја претвора секоја работна комбинација во комбинација за секаде. Не ни морате да се трудите да ја пикнете кошулата во пантолоните. Едноставно нема потреба.

6-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

7. Чувајте ги летните парчиња

Омилените фустани и кратките комбинезони можат успешно да се ротираат и во есенската сцена благодарение на хулахопките. Со струкирана кошула одоздола и кожна јакна ќе изгледате стилски, а сепак забавно.

7-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

8. Играјте криенка

Покажете малку кожа. Јакна со краток крој ќе ве одржува затоплени, иако ќе ви овозможи да покажете по малку кожа на останатите места.

8-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

9. Инвестирајте во двојна сукња

Можеби и најдоброто чудо во слоевитото облекување е комбинацијата на проѕирна и мини сукња која ги прегрнува вашите облини. Додадете чизмички до глужд и неструкирана јакна и спремни сте за која било пригода.

9-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk

10. Играјте со боите

Еве начин да изгледате одлично – започнете со омилените тесни фармерки и јакна и потоа додадете блуза, марама и чанта во силни бои. Не се плашете да ризикувате – ризикот во овој случај целосно вреди.

10-10-trikovi-za-sloevito-oblekuvanje-koi-kje-vi-dadat-moderen-a-sepak-trendi-izgled-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар