10 трикови за природно отстранување на темната кожа од колената и лактите
Акумулацијата на мртва кожа, триењето, изложеноста на сонце или хормоналната нерамнотежа можат да бидат причина за појава на темна кожа на колената и лактите. Овие делови од телото не содржат лојни жлезди, па важно е да ги заштитите од сувост. Овие 10 ефективни трикови ќе ви помогнат да ја негувате кожата во овој предел и да ја отстраните темната боја.
1. Краставица
Поради својствата на избелувач, краставицата е еден од најефективните методи за отстранување на темните дамки. Таа ги отстранува мртвите клетки и ја навлажнува вашата кожа. Витамините А и Ц коишто се наоѓаат во краставицата ја одржуваат свежината на кожата.
- Нежно тријте ги лактите и колената со парче краставица околу 15 минути.
- Оставете да делува уште 5 минути, па исплакнете со студена вода.
Исто така можете да измешате исто количество сок од краставица и сок од лимон. Нанесете ја смесата на колената, лактите, па дури и под пазувите. Оставете да делува 20 минути и исплакнете. Правете го ова секој ден.
2. Лимон и сода бикарбона
Лимонот е одличен за избелување на кожата. Полн е со антиоксиданси и витамин Ц кои ја поттикнуваат регенерација на кожата. Сода бикарбоната е нежен и ефективен чистач и избелувач на темните делови кожа.
- Пресечете го лимонот на половина.
- Нанесете 1 лажица сода бикарбона на лимонот.
- Тријте ги рамената и колената 1 минута.
- Оставете да делува 15 минути и исплакнете со топла вода.
- Повторувајте на секои 2 дена за видливи резултати.
3. Алое вера и млеко
Алое верата содржи состојки кои ја навлажнуваат кожата и го изедначуваат тенот. Комбинацијата од алое вера и млеко е едноставен начин за природно избелување на кожата.
- Измешајте исто количество гел од алое вера и млеко и нанесете ја смесата на кожата.
- Оставете да делува преку ноќ и исплакнете следното утро.
Можете да го нанесете и гелот од растението алое вера на колената и лактите. Оставете го да делува 20 минути и исплакнете со топла вода.
4. Компир
Компирот е богат со ензими кои природно ја осветлуваат кожата. Секојдневното користење ќе ја омекне кожата и ќе ги отстрани темните делови.
- Изрендајте 1 компир, исцедете го сокот и нанесете го на кожата.
- Оставете да делува 15 минути и исплакнете.
- Нанесете крема за навлажнување.
Можете да ги истриете лактите и колената со парче компир. Оставете да делува 10-15 минути и исплакнете.
5. Куркума
Куркумата е можеби најдобриот „лек“ за несовршености и отстранување мртви клетки без несакани ефекти. Содржи состојка наречена куркумин што го регулира производството на меланин, кој пак е одговорен за појавата на темна кожа.
- Измешајте куркума со 1 лажичка млеко.
- Нанесете ја смесата на лактите и колената.
- Масирајте неколку минути и оставете да се исуши.
- Исплакнете со топла вода.
Можете да додадете и малку мед во смесата за подобар ефект.
Продолжува на следната страница…