10 трикови што ќе ви помогнат полесно да ги преживеете оние денови од месецот
6. Не внесувајте кофеин
Кофеинот ги влошува грчевите. Ова е медицински докажано, така што обидете се да го замените вашето омилено кафе со безкофеинско.
7. Апликации за водење евиденција на редовноста на менструацијата
Дигиталната ера е навистина корисна кога станува збор за следењето на менструалниот циклус. Постојат многу апликации што ќе ви помогнат да се подготвите за оние денови со тоа што ќе ви пресметаат кога треба да добиете менструација. Брилијантно!
8. Дочекајте ја менструацијата опремени
Направете си сопствен комплет од производи што ќе ви помогнат полесно да ги преживеете оние денови. Набавете ги сите средства за хигиена што ќе ви бидат потребни и ништо нема да може да ве изненади!
9. Апчиња против болка
Кога ништо друго не помага, апчињата против болка навистина можат да ви го спасат животот. Побарајте совет од лекар и најдете го совршеното решение за вас.
10. Вежбајте јога
Некои жени ги одбегнуваат апчињата и се држат до старото добро правило: Спортувајте! Јогата е најдобриот избор за време на менструацијата. Ќе ви помогне да се опуштите и да медитирате.
БОНУС
Ова е најдобрата опција за жените кои се сексуално активни. Сексот, поточно оргазмот, ја намалува болката и ѝ помага на матката да се ослободи од крвта. Одлично!
Прочитајте ги и следниве неколку навики кои со сигурност ќе ви ги намалат менструалните болки.