10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

Без разлика дали сте маж или жена, кога треба да носите нов пар чевли, вашите нозе секогаш страдаат. Сепак, постојат неколку трикови со чија помош ќе го решите проблемот и ќе им ставите крај на страдањата и болката и ќе уживате во новите обувки кои како да се создадени специјално за вас. Во продолжение погледнете некои од нив.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

1. Ханзапласт

Ова е најчесто користен стар трик кој ќе го спречи триењето на кожата и чевлите, при што ќе ги избегнете плускавиците, особено кога носите високи потпетици. Препорачливо е да изберете малку поширок ханзапласт од местото каде што се појавува триењето.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

2. Пудра во прав

Пудрата во прав може да го намали триењето на површината на стапалото. Ставете малку од неа пред да ги облечете чевлите, а ако не носите чорапи, осигурете се дека нозете не ви се влажни.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

3. Дебели чорапи и топлина

Ставете еден пар дебели чорапи, а потоа облечете ги вашите чевли. Вклучете го фенот за коса и насочете го кон тесните делови на чевлите. Прошетајте се наоколу сѐ додека не се изладат, а доколку е потребно повторете ја постапката. Материјалот од кој се направени чевлите се шири од топлината и станува сѐ повеќе флексибилен. Имајте на ум дека овој трик е ефикасен само на природен материјал, како што е кожата.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

4. Рол-он или стик

Страничната страна од вашето стапало, коската на петата и прстите се најпогодените зони. За да го отстраните триењето помеѓу чевлите и вашите стапала, нанесете рол-он или стик на проблематичните области.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

5. Силиконски влошки

Силиконските влошки се достапни во аптеките, ортопедските продавници, а можете да ги најдете и на Интернет. Ги има во различни форми (влошка со целосна големина на стапалото, само за петите и слично), така што лесно можете да ги прилагодите на проблематичните области.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

6. Лед

Наполнете кеса со вода, ставете ја во чевлите а потоа заедно ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат така во текот на ноќта. Кога ќе ги извадите утредента ќе забележите дека чевлите се пошироки благодарејќи на водата којашто се замрзнала.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

7. Алкохол и хартија

Прснете доволно алкохол во тесните области на чевлите, така што тие ќе се намократ. Ставете внатре стуткана хартија и оставете ги да стојат преку ноќта. Колку повеќе хартија користите, толку подобри резултати ќе добиете. Наредното утро отстранете ја хартијата и облечете ги чевлите, така што тие ќе може да се прилагодат на формата на вашето стапало.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

8. Хидратантна крема

Овој метод е ефикасен само на чевлите од вистинска кожа. Нанесете малку хидратантна крема во внатрешноста, а особено обрнете внимание на петата и областа околу прстите. Кремата ќе ја омекне кожата на чевлите, па кога ќе ги облечете наредниот ден тие ќе се прилагодат на вашето стапало.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

9. Компири

Овој трик може да ги прошири вашите нови спортски обувки или мокасини. Ставете чисти компири во внатрешноста на чевлите и оставете ги да стојат преку ноќта. Најчесто компирите не оставаат мирис, но за да се осигурите дека немате остатоци од нив во вашите чевли, избришете ги со влажна крпа.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли

10. Посетете чевлар

Ова е најверојатно најсигурната опција за вас. Повеќето од нив имаат посебни алатки со кои ги менуваат обувките според ваше барање при што повеќе нема да ви нанесуваат болка.

10 трикови кои ќе ви помогнат да ја отстраните болката од новите чевли


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар