10 тинејџерски лекции кои треба да ги помните и во вашите 20-ти години

10 тинејџерски лекции кои треба да ги помните и во вашите 20-ти години

Влегувањето во нова декада од вашиот живот може да биде истовремено и возбудливо, но и застрашувачко. Помеѓу драмата, хормоните и скршените срца, погледнете ги следниве 10 важни лекции кои ги научивме од нашите тинејџерски години и кои можат многу да ни помогнат и во 20-тите…

10 тинејџерски лекции кои треба да ги помните и во вашите 20-ти години

1. Фокусирајте се повеќе на себеси одошто на момчињата – Да, момчињата се забавни и можат одлично да го исполнат вашето слободно време, но тие исто така имаат моќ и да ве полудат. Не ја формирајте вашата вредност според нивното мислење за вас, туку според вашето мислење за себе.

2. Флертот е способност, совладајте ја – Научете ја уметноста на флертувањето. Потребно ви е малку време и трпение со цел да го совладате флертувањето кое може да ви биде од голема корист понатаму во вашиот живот.

3. Средното училиште не е најдобриот дел од вашиот живот – Колку и да ви изгледа како тинејџерскиот период да е незаменлив, вистината е дека вие само што сте почнале да живеете. Пред вас ве очекуваат голем број искуства и настани, исто толку незаборавни како и тинејџерските години.

4. Не си ставајте етикета базирана врз мислењето на другите – Престанете да размислувате за вашата репутација и различните начини на кои можете да се вклопите во мислењето на другите луѓе за вас. Развијте ваши морали и следете ги само нив.

5. Само затоа што некој предмет не ви доаѓа природно, тоа не значи дека не сте интелигентни – Не разбирате геометрија? Не грижете се. Сигурни сме дека за 10 години од сега таа воопшто нема да ви треба. Едноставно потсетете се дека ништо во животот не доаѓа лесно и прифатете дека учењето може да биде предизвик. Вие не сте глупави, вие сте само луѓе.

6. Многу сте посилни одошто мислите – Сите тие злобни коментари и непријатни ситуации кои ги доживувате, можеби во моментот ќе ви делуваат како крај на вашиот свет, но реалноста е далеку од тоа. Вие не само што ќе ги преживеете злобните личности, незрелите момчиња и семејната драма, туку и ќе излезете од нив многу посилни.

7. Ценете ги вашите родители – Без разлика колку тие ве вознемируваат или не ве сфаќаат, вие треба да ги сакате повеќе од сè на светов. Понекогаш, токму вашето семејство е тоа што ви е навистина потребно. Ценете ги, простете им и обидете се да не се карате со нив.

8. Пријателите се семејството кое вие го одбирате, така да одбирајте внимателно – Не го трошете вашето време во присуство на сите оние луѓе кои имаат негативно влијание врз вас. Дознајте каква личност сакате да бидете и опкружете се со оние луѓе кои ги поседуваат овие карактеристики.

9. Животните не живеат вечно, имајте почит кон нив – Кутрето кое мислите дека ќе биде вечно покрај вас, нема да биде во вашиот живот засекогаш. Мачката која ја сметате како дел од вашето семејство, еден ден нема повеќе да биде тука. Поминувајте повеќе време со нив и сакајте ги со целото срце.

10. Следете ја вашата страст, без разлика колку ве плаши – Вие сте премногу млади да се плашите од вашите соништа. Всушност, моментално сте на таа возраст кога треба целосно да бидете фокусирани на нивното остварување. Следете го огнот кој гори во вас, бидете иновативни и мудри и не дозволувајте ништо да ве спречи во вашата цел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар