10-те правила за успех на Џенифер Лопез
Покрај тоа што е успешна актерка, пејачка, танчарка, продуцент, директор и моден дизајнер, Џенифер Лопез е една од најуспешните женски икони во светот на бизнисот. Зад себе има оставено големо културно наследство, а светските медиумски компании со право ја сметаат за една од највлијателните изведувачи на денешницата. Во продолжение прочитајте ги нејзините основни правила за успех кои секојдневно ги применува.
1. Пронајдете ја вистинската страст
Џенифер почнала да се интересира за забавната индустрија откако ја добила улогата во филмот „Моето мало девојче“ во 1986-та година.
2. Учете од своите грешки
Првата високо профитна работа во оваа бранша ја имала кога била повикана како танчарка во комичното шоу „Во живи бои“, во 1991 година. Дотогаш и самата правела многу грешки.
3. Правете го она што го сакате
Таа се обидела да успее во музичката индустрија дури во 1999-та година, откривајќи дека музиката е нејзиниот живот.
4. Работете напорно
Нејзиниот петти студиски албум насловен „Como Ama una Mujer“ уште во првата недела имал најмногу продажби од сите други шпански албуми издадени во САД.
5. Игнорирајте ги ситните души
Со рекордни 60 милиони продадени примероци и филмска заработка од 2 милиони долари, Џенифер се смета за највлијателниот шпански изведувач во светот. Таа немало да стигне до таму доколку го слушала мислењето на сите.
6. Забавувајте се
Таа заедно со Питбул и Клаудија Леите ја снимиле песната „We Are One (Ole Ola)“ која беше официјална песна за светското првенство во фудбал во 2014-тата година. Оваа песна ја опишува како една од најзабавните нешта кои ги направила.
7. Бидете автентични
Покрај тоа што е позната во светот на забавата, таа е успешна и во светот на бизнис каде што води различни модни, козметички и мирисни линии. Тоа што ја издвојува од останатите е нејзината уникатност.
8. Верувајте
Музичкиот канал VH1 ја рангираше Џенифер Лопез на 15-тото место на листата која ги содржи 200-те најпопуларни икони на поп културата. Таа верувала во себе, затоа успеала да стигне до тука.
9. Имајте храброст
Во 2012-тата година списанието „Форбс“ го изнело мислењето дека таа може да стане најмоќниот забавувач на планетата. Со оглед на нејзината храброст, тоа воопшто не би нè изненадило.
10. Сонувајте големи сништа
Нејзиниот албум „J to tha ’L-O! The Remixes“ влезе во Гинисовата книга на рекорди како број 1 албум со ремикси во САД. Ако сонувате многу, ќе остварите уште повеќе.