10-те најдобри работи што се случуваат кога сте сингл

10-те најдобри работи што се случуваат кога сте сингл

Да се биде сингл, сам и слободен не значи да се биде осамен ниту пак дека не се знае ништо за љубовта. Напротив, да се биде сингл значи да се знае доволно за љубовта за да се чека вистинската личност и да се има доволно време да ги сортирате приоритетите пред да запловите во нови љубовни води. Во продолжение прочитајте ги 10-те работи што се случуваат кога сте сингл, според мислењата на читателите.

10-те најдобри работи што се случуваат кога сте сингл

1. Нови средби. Посетите во ресторантите, романтичните вечери, прошетките низ паркот, спортските настани, музеите, кината и театрите можат да бидат многу забавни и возбудливи кога ги поминувате со потенцијален љубовен интерес.

2. Флертување. Да се биде сингл значи да можете да флертувате со кого сакате без да чувствувате вина и грижа на совест.

3. Повеќе слободно време. Ова е периодот кога можете да прочитате една од омилените книги, да научите некој нов рецепт, нов јазик… Листата е бесконечна.

4. Повеќе време за пријателите. Вечерните и попладневните излегувања со пријателите имаат сосема нов дух кога сте сингл.

5. Нема расправии. Да се биде сингл значи да не бидете повеќе лути и разочарани во денот поради расправијата со партнерот.

6. Повеќе спиење. Многу жени велат дека кога се забавуваат со некого, спијат помалку. Затоа, сега е шансата да го надоместите изгубениот сон.

7. Нови симпатии. Нема да се радувате на првиот бакнеж со некој кој ви се допаѓа, доколку сте во врска.

8. Немате обврски. Сакате да патувате? Да добиете унапредување во друг град? Да учите во странство? Кога сте сингл, немате проблем сами да одлучите за начинот на кој ќе се одвиваат работите. Имате право на слободен избор без да се каете, да ви е жал и без логистички главоболки.

9. Фокусирање на нови цели. Кога не се посветувате на одржувањето на стабилна и функционална врска, тогаш имате време да ја пренасочите енергијата кон остварувањето на своите цели како што се подобрувањето на физичката кондиција, напредок во кариерата и слично.

10. Бескрајни можности. Возбудливо е да не се знае што носи иднината на љубовен план, но и општо за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар