10-те фази на созревање во вашите 20-ти

10-те фази на созревање во вашите 20-ти

Можеби не сте сигурни кога се случило тоа, но пораснавте. Иако не се случило преку ноќ, се чувствувате како наеднаш да сте престанале да бидете дете. Плаќате кирија и пазарувате за дома. Сте завршиле факултет или сте се вработиле и сега се обидувате да се вклопите во вистинскиот свет. Созревањето во 20-тите е полно со пријатни и непријатни моменти. Овој период е полн со нови искуства и доживувања, а можете да ги очекувате следниве 10 фази.

10-те фази на созревање во вашите 20-ти

1. Излегувате надвор во светот

Во вашите 20-ти се соочувате со светот. Можеби сте на факултет во друг град, или пак сте се преселиле во ваш стан. Сте почнале да барате работа или патувате на места кои се надвор од вашата удобна зона. Светот е вашата школка, па одбирањето место за почеток на вашиот живот може да биде и возбудливо, но и заморно. Имате соништа што сакате да ги следите, омилени градови во коишто сакате да живеете… Животот почнува да ви изгледа необичен и радосни сте што се обидувате да го извлечете најдоброто од него.

2. Се откажувате од драмата

Кога созревате во 20-тите, многу работи ќе оставите зад вас. Тоа може да биде и некое парче облека кое сте мислеле дека е тренди, но најдобро од сè е што се ослободувате од драмата. Сте сфатиле дека постојат многу грижи што не го заслужуваат вашето внимание. Некои луѓе можеби се однесуваат детинесто, но вие не сакате да размислувате за тоа. Животот е полн со проблеми, па зошто да создавате нови?

3. Ќе се оддалечите од некои пријатели

Кога созревате, некои пријателства едноставно не ви одговараат. Можеби тие луѓе ја започнувале драмата во вашиот живот, или пак едноставно ви се разделиле животните патишта. Во секој случај, знаете дека вака е подобро. Сте сфатиле дека лошите пријатели само го комплицираат животот и дека ви се потребни луѓе на коишто можете да им верувате. Повеќе не ја следите толпата и знаете дека квалитетот е поважен од квантитетот.

4. Знаете како да создадете нови пријателства

Понекогаш е навистина тешко да најдете нови пријатели. Оваа фаза е навистина чудна, како повторно да сте во градинка. Сакате да станете пријатели со луѓе со кои имате исти интереси. На почетокот средбите можеби ви биле навистина чудни, но со текот на времето ќе ги пронајдете вистинските луѓе за вас.

5. Учите како да живеете сами

Ова е можеби најголемата и најважна фаза во вашиот живот. Сигурно отсекогаш сте сонувале за ваш дом што ќе го уредите по ваш вкус. Да бидете возрасни значи да планирате, да го направите вашиот прв буџет и да завршувате разни обврски на кои не сте обрнувале внимание. Наскоро ќе се навикнете и ќе се опуштите и нема да бидете под стрес поради реалниот свет.

6. Контролирана исхрана

Постојат колачиња и слатки и во животот на возрасните. Во вашите 20-ти ќе сакате да го контролирате секој аспект од животот. Ова значи од работното место, па сè до вашите оброци. Можеби ќе се обидете да направите и неделен план за исхрана, но понекогаш ќе се задоволите и само со тестенини.

7. Ќе почнете сами да закажувате

Многу луѓе не сакаат да закажуваат, без разлика дали е тоа кај козметичар или кај лекар. Порано тоа го правела вашата мајка, но во вашите 20-ти оваа обврска ви се доделува вам. На почетокот ќе ви биде чудно, но ќе се навикнете и ќе се чувствувате навистина гордо.

8. Ќе го контролирате вашиот распоред

Тоа што сами ќе одлучувате што ќе правите со вашето време е можеби најдобриот дел од вашите 20-ти. Во средно сте морале да го следите планот што другите го направиле за вас. Но сега работите се во ваши раце. Буквално сè е оставено на вас. Можеби треба 8 часа да бидете на работа, но секогаш можете да одберете друга кариера и да поминете време патувајќи. Со оваа моќ доаѓа и голема одговорност, но оваа фаза е како исполнување на сон.

9. Ги следите вашите соништа

Растењето значи да ги следите вашите соништа наместо да замислувате како би изгледале во реалноста. Имате енергија и амбиција да направите сè. Можеби во текот на денот работите нешто што не сакате, но во слободно време работите на вашите соништа.

10. Понекогаш сте носталгични

Се разбира, со растењето доаѓа и носталгијата. Ќе бидете вљубени во животот во вашите 20-ти, и покрај сите проблеми. Но тоа не значи дека понекогаш нема да ви недостигаат деновите од минатото кога сте си играле со најдобриот пријател. Во тие моменти можеби ќе гледате стари фотографии или ќе слушате музика од тој период. А можеби дури и ќе закажете средба со пријателите од детството.

Погледнете и што можете да направите во 20-тите за животот да ви биде поубав во 30-тите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар