10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

Џон Арден, неврофизиолог и искусен лекар, ве советува како да си го подобрите расположението, да ја намалите вознемиреноста и да бидете посреќни. Неговите совети се засноваат на најновите достигнувања во науката и во медицината поткрепени со докази.

10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

1. Насмевката и намуртеноста испраќаат сигнал дека сте среќни или тажни. И кога ќе глумите дека сте среќни, вие ќе бидете посреќни отколку што сте.

2. Ако размислувате повеќе за можностите отколку за ограничувањата, мозокот ќе формира нови врски меѓу невроните и ќе се ослободи од негативните емоции.

3. Со стравот мора да бидете на ти. Наместо да го избегнувате, соочете се со него. Кога ќе се соочите со стравот, неудобноста и непријатноста постепено ќе исчезнуваат.

4. Наместо да не размислувате за тоа што ве боли, прифатете ја болката. Додека размислувате колку навистина нешто ве боли, болката се намалува. Ова е научно докажано.

5. Ако сте расположени, голема е веројатноста дека ќе ви се случи нешто убаво во животот. Најголемиот дел од она што се случува во животот се заснова врз расположението и се врти околу тоа.

6. Обидете се да ја одржите емоционалната состојба во која сакате да бидете колку што е можно подолго. Со текот на времето, оваа состојба ќе ви доаѓа природно.

7. Колку почесто намерно предизвикувате одредена состојба во себе, на пример смиреност или надеж, толку е поголема веројатноста дека таа состојба ќе ви стане навика.

8. Ако тагата, депресијата или гневот се постојаната емотивна состојба на еден човек, тоа е како оштетување на плочата. Личноста треба да пронајде сила и да го прескокне тоа оштетување на плочата за песната да продолжи да свири.

9. Наместо да размислувате како да го надминете проблемот, фокусирајте се на тоа зошто се појавил проблемот. Поентата е да се решат проблемите, а не да се давите во нив.

10. Колку почесто човекот зборува за настаните во својот живот на одреден начин, толку се посилни и нервните врски што ги претставуваат тие мисли.

Изјавите се позитивни или негативни. На пример, ако продолжите да велите: „Тешко е“, „Не знам дали можам да го преживеам ова“ или „Тоа нема да заврши добро“, тогаш е време да го смените начинот на кој размислувате.

Прочитајте ги овие 3 едноставни совети за брзо подобрување на расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар