10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје - Part 2

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

6. Темни линии на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Обично темните линии кои се движат надолу не треба да претставуваат грижа, особено кај луѓето со темен тен кои имаат над 20 години. Но некогаш тие се знак за еден вид рак на кожата. Овој вид рак обично напаѓа еден нокот, а појавата на темните линии може да се менува со текот на времето.

7. Црвени или кафеави линии на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Црвените или кафеавите линии на ноктите не се ретка појава. Најчесто тие се предизвикани од оштетени крвни садови. Ако имате неколку вакви линии, најверојатно се резултат од мала повреда на нокотот. Ако има многу црвени и кафеави линии на повеќе нокти, тоа може да биде знак на псоријаза, лупус, ендокардитис и други сериозни нарушувања.

8. Здебелени нокти

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Здебелените нокти најчесто се резултат на габична инфекција која може да ги направи и кршливи, но и да им ја промени бојата. Често ова нарушување е лесно за лекување. Ноктите кои се подебели од вообичаено може да се знак и на други нарушувања како псоријаза или реактивен артритис.

9. Кршливи нокти

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Ако вашите нокти станат кршливи, тоа може да е знак на стареење или предолга изложеност на хемикалии и вода. Но, понекогаш причината за ова е и габична инфекција, проблеми со тироидната жлезда или псоријаза.

10. Промена на бојата на ноктите

10 тајни кои ги кријат ноктите за вашето здравје

Кафеавите нокти може да укажуваат на бременост, проблеми со тироидната жлезда или неухранетост. Жолтите нокти може да се симптом на лимфедема, бронхиектазии, жолтица, туберкулоза, воспаление на тироидната жлезда, синуситис и други нарушувања. Сивите нокти најчесто се последица од одредени лекарства. Зелено-црните нокти може да се знак на зголемен број бактерии.

Се разбира, не секоја промена на ноктите означува некаква болест. Вашиот лекар е оној кој најдобро знае дали има некаков проблем, па ако сте загрижени консултирајте се со него.

Ако сакате вашите нокти да бидат поцврсти и поздрави, овие трикови ќе ви помогнат во тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар