10 „сурови“ реалности кои ни помагаат да созрееме

10 „сурови“ реалности кои ни помагаат да созрееме

Автор: Сара Турановиќ

Карактерот и мудроста се развиваат со тек на време. Тие произлегуваат од поразите, лекциите и од победите. Доаѓаат од сомнежот, грешките и од истражувањето на непознатото. Кога би постоел конечен пат кон среќата, сите би биле на него. Семето на нашиот напредок се сее во нашите претходни неуспеси. Нашите најголеми приказни се создаваат со надминување на најголемите пречки и најтешките битки. Нашата слава се раѓа од нашата болка. Затоа продолжете да стоите на нозе, продолжете да учите и продолжете да живеете. Почнете да гледате на суровите реалности во животот и на најтешките предизвици како пријатели кои ви помагаат во развојот. Ви набројуваме неколку мисли кои ќе ви помогнат.

10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mk

1. Првиот чекор никогаш не е лесен

Почетоците на вистинските работи секогаш се најтешки, но токму овие тешкотии ќе ви го отворат патот кон успехот. Бидете цврсти и задржете ја вербата. Ќе се исплати на крај. Најголемото чудо на вашиот успех нема да биде тоа што сте завршиле туку вашата сила и храброст кои ви биле потребни за да започнете. И запомнете, не е дека оние кои се силни, понекогаш не чувствуваат страв во колената или запирање на здивот пред да зачекорат… Разликата е во тоа што, додека им се тресат нозете, земаат здив и го прават првиот чекор.

2. Добрите работи никогаш не се брзи и лесни

Животот не е лесен, но вреди. Ако очекувате да биде лесен, ќе се разочарате. За достигнување на што било коешто е вредно потребно е време и труд. Усогласете го вашиот труд со вашите цели, направете секој ден чекор нанапред од претходниот и борете се посилно од претходно. Упорноста е најчеста карактеристика на луѓето кои ги постигнале своите цели. Тие едноставно не сакаат да се откажат. Колку подолго ќе издржите, толку е поголема веројатноста дека ќе се случи нешто во ваша корист. Успехот е среќа која доаѓа од стремежот, очајот, потењето и инспирацијата. Без разлика на тоа колку напорно изгледа, колку повеќе сте упорни, толку е поголема веројатноста за вашиот успех.

3. Секогаш ќе имате помалку контрола отколку што мислите

Единствената работа која можете да ја контролирате во животот е вашата реакција кога работите ќе излезат од контрола. Колку повеќе се прилагодите на реалноста, толку вашите искачувања ќе бидат побрзи, но и побрзо ќе се издигнувате од падежите во животот. Поедноставно, исполнет живот значи да ја прифатиме ситуацијата каква што е, токму тука и сега. Сигурно често сте биле во ситуација во која сте сметале дека се случува нешто лошо, но подоцна со анализирање сте сфатиле дека токму тоа ве упатило кон нешто подобро. Нема потреба да контролирате сè за да дојдете до среќа и мир. Само опуштете се и дозволете судбината да го направи своето. Верувајте дека сè ќе биде како што треба. Дозволете животот да се одвива на начин на кој треба да се одвива, бидејќи понекогаш резултатите кои не можете да ги промените, на крај ве менуваат вас, и ви помагаат да го постигнете вашиот целосен потенцијал.

0-10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mk

4. Не може да избегате од ризикот без да го избегнете животот

Како што Хенри Дејвид Торо изјавил: „Кога ќе дојде смртта, не дозволувајте во тој момент да сфатите дека воопшто не сте живееле“. Животот е ризик. Среќата е ризик. Ако понекогаш не се плашите ни малку, тогаш правите нешто што не е во ред. Не грижете се околу грешките и неуспехот, туку сетете се што губите ако се откажете. Грижете се за животот кој не го живеете и за среќата која ја испуштате, додека живеете во својата зона на сигурност. Дозволете си еднаш да бидете од оние кои преживеале додека правеле грешки, се опоравиле од нив и израснале во своето вистинско „јас“.

5. Вашите најголеми проблеми се обично во вашата глава

Главната причина за несреќа и пораз никогаш не е моменталната ситуација туку вашите мисли во врска со неа. Среќата и успехот се темелат на две состојки – начинот на кој размислувате и начинот на кој реагирате врз основа на вашите мисли. Човечките суштества ја имаат таа моќ да мислат дека можат да направат големи работи, во овој момент, без потреба од ништо друго. Често пронаоѓањето на вашиот пат не значи откривање нови работи туку нов поглед на работите кои веќе се тука. Кога ќе го направите ова ќе сфатите дека разликата помеѓу камењата од кои се сопнувате и камењата кои служат како скали, е само во начинот на нивната примена.

6. Долготрајната среќа не може да се купи, треба да се заслужи

Ако би живееле опкружени со стари нешта со мала важност, а не со траги од среќни, страсни спомени, тогаш останете фокусирани на постигнувањето материјални нешта. Во спротивно престанете да се занимавате со работи кои може да ги допрете и почнете да се грижите за она што може да ве допре вас. Секој од нас има единствен пламен во срцето што прави да се чувствуваме живи. Наша должност е да го пронајдеме и задржиме. Што и да правите не трошете го својот живот само за да преживеете. Уживајте во подароците кои не може да ги купите со пари. Ветете си дека ќе останете верни на својата љубов, на своите вредности и цели. Нека вашето срце и ум работат заедно. Направете сè што е потребно за еден ден, месеци подоцна, да погледнете на својот живот, да воздивнете и искрено да се насмеете.

1-10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mk

7. Нема секој да ве поддржи

Ако секоја навреда или грд збор го прифаќате сериозно, ќе бидете навредени до крајот на животот. Една од најслободните работи кои ги учиме во животот е дека не секогаш треба да се сложиме со мислењето на останатите, но и останатите не мора секогаш да се сложат со нас. Како што Брус Ли кажал „Не сум дојден на овој свет за да ги живеам вашите очекувања, ниту сте вие тука за да ги живеете моите“. Не го заборавајте овој цитат поради туѓото мислење. Потребно е долго време за да научиме да не судиме за себе низ туѓи очи, а кога ќе научите светот е ваш. Дојдени сме на овој свет за да го откриеме нашиот живот и никогаш нема да бидеме среќни ако пробаме да ја живееме туѓата идеја за нашиот живот. Затоа не грижете се што останатите мислат за вас. Без разлика што тие зборуваат за вас и вашите избори, сетете се дека ви е потребно само вашето одобрување.

8. Подобро ви е без некои луѓе за кои се грижите

Во најтешките ситуации во вашиот живот ќе откриете кој е навистина тука за вас. Забележете кој е тука за вас, а кој не и бидете им благодарни на оние кои заминале бидејќи ви дале простор за да ги сакате оние кои останале со вас и ве сакале кога сте мислеле дека сте сами и напуштени. Подарете му го вашето отсуство на оние кои не го ценат вашето присуство.

9. Не може да бидете среќни без одредена количина тага

Чак Паланик рече: „Единствениот начин да ја пронајдете вистинската среќа е да ризикувате да бидете целосно отворени“. Ова е вистина. Одредена количина тага е неопходна. Сè во животот има добри и лоши страни. Не може да очекувате чувство на задоволство ако не сте почувствувале болка, среќа без тага, самодоверба без страв, надеж без чувство на несигурност. Во животот не постои паричка со едно лице за да купите живот без болка и тага. Животот е полн со успеси и падежи – авантура која бара преземање ризик и способност за можен успех и неуспех.

10. Што било, било – животот оди понатаму

Ако во себе чувате тешки емоции за нешто што се случило во минатото, тие може да ве спречат да бидете продуктивни во сегашноста. Може да се сожалувате себеси или да гледате на нив како дел од вашето созревање. Може да биде можност за созревање или пак препрека која ќе ве држи назад. Изборот е ваш. Длабоко воздивнете, сè ќе биде во ред, можеби не денес, но на крај ќе биде. Има моменти кога ништо нема да ви оди од рака. Тогаш можеби ќе се чувствувате како да сте заглавени во тоа време, но тоа не е точно. Секако, сонцето понекогаш заоѓа, а можеби ќе слушнете и две-три громотевици, но на крајот сонцето повторно ќе огрее. Понекогаш е потребно само да останеме позитивни што е можно подолго за да го видиме сонцето кое се пробива од густите облаци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар