10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

Ретко кога тинејџерите сами им признаваат на родителите дека имаат проблеми со дрогата, така што задача на родителите е да ги препознаат суптилните знаци што ги издаваат. Обрнете внимание на сомнителните промени во однесувањето на вашиот тинејџер. Слушајте си ја интуицијата. Ако има нешто што ве загрижува, разговарајте со вашиот партнер, со професор кому му верувате или која било личност што се грижи за вашето дете. Две глави подобро мислат од една. Ако забележите некој од следниве знаци, побарајте помош од некого и преземете ги потребните мерки…

10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

1. Вашиот тинејџер делува поизморено или повозбудено од вообичаено

Емоционалните успеси и падови се дел од животот на тинејџерите и повеќето луѓе. Но, навиките како што се заспивање на маса за време на вечера или долгите дремки по училиште не се последица од поспаноста. Ако вашиот тинејџер не може да се опушти по напорен ден или делува нервозно без очигледна причина, може да се посомневате дека станува збор за користење друга. Без разлика дали станува збор за екстремна исцрпеност или нервоза, може да ги употребите овие појави како изговор да го однесете тинејџерот на доктор.

2. Вашиот тинејџер станува нервозен и повеќе не разговара со вас

Секако дека чувствителноста и молчаливоста се нормални кај тинејџерите, но ако вашето дете целосно ја прекине комуникацијата со вас, можеби се соочува со сериозен проблем. Во ваков случај, најдобро е да бидете тука за него, но да не му досадувате со прашања. На тој начин, тинејџерите нема да се чувствуваат притиснато, но ќе знаат дека имаат отворена врата за комуникација доколку сакаат. Можете да го кажете следново „Знам дека не сакаш да разговараш со мене во моментов, но треба знаеш дека секогаш сум тука за тебе и можам да ти помогнам, доколку ти треба помош“.

10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

3. Вашиот тинејџер го сменил друштвото

Врсниците имаат големо влијание на однесувањето на тинејџерите, па затоа друштвото што ќе го одберат е многу важно. Ако вашето дете се дружи со луѓе кои користат дрога и алкохол, не поставувајте забрани за дружење, но укажете му дека некои од нив може да му влијаат негативно. Доколку сте многу загрижени, забранете му на тинејџерот да се дружи со тие поединци, но подгответе се за многу жалби и обиди да се прекрши забраната.

4. Вашиот тинејџер троши повеќе пари од вообичаено

Трошоците што не ви се јасни може да бидат голем знак на предупредување. Без разлика дали му давате џепарлак или тинејџерот има работи, сите необјасниви трошоци треба да бидат разјаснети и да ги побудат следниве прашања: „Колку трошиш за викенди?“, „Со кого беше во кино?“. Ако забележите дека вашиот тинејџер располага со голема сума на пари, очигледно е дека станува збор за нешто сомнително. Време е да побарате некои одговори пред да му дозволите на детето да продолжи со работа, да излегува за викенди и да вика другари на гости.

10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

5. Оценките на вашиот тинејџер стануваат значително пониски

Ако оценките на вашите тинејџер почнат да се влошуваат и професорите одеднаш се жалат поради нивното однесување, би требало да се загрижите. Разговарајте со вработените во училиштето и слушнете ги нивните забелешки. Така најдобро ќе можете да сфатите што се случува кога вашето дете оди на училиште.

6. Забележувате промени во исхраната кај вашиот тинејџер

Ако вашиот тинејџер одеднаш изгуби апетит, ја намали тежината или нагло се здебели, причината за тоа можеби лежи во користењето дрога, но можеби станува збор и за нарушување во исхраната. Стимулантите како што се кокаин и амфетамин може да предизвикаат слабеење. Некои тинејџери намерно почнуваат да ги користат овие супстанции за да изгубат тежина. Ако ги забележите овие знаци, искористете го тоа како причина за да го однесете детето на лекар. Не заборавајте и да разговарате со тинејџерот за пиењето алкохол.

10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

7. Вашиот тинејџер губи интерес за хобијата што претходно ги обожувал

Иако тинејџерите смеат да експериментираат со нови активности и хобија, наглата промена на интересите или отсуството на интерес, може да се сфатат како знаци на предупредување. Марихуаната, кога се консумира во големи количини, предизвикува умор, апатија и недостаток на мотивација. Ако забележите дека вашиот тинејџер не може да ги извршува домашните обврски, не спортува и не излегува, треба да преземете нешто. Иако марихуаната и сличните дроги не можат да предизвикаат смрт од предозираност, тие ќе го забават тинејџерот и нема да му дозволат да го оствари својот потенцијал.

8. Се влошува физичкото здравје на вашиот тинејџер

Немојте да паднете на изговорите што ви ги даваат тинејџерите. Ако забележите крваво црвени очи, проширени зеници и гребаници по телото, можеби станува збор за земање дрога. Знаци на употреба на кокаин се честите крварења од носот и раните околу устата и рацете. Ако вашиот тинејџер постојано покрива одредени делови од телото, како што се рацете на пример, можеби се обидува да се скрие. Доколку забележите некој од овие знаци, веднаш инсистирајте на лекарски преглед.

10 суптилни знаци дека вашето дете тинејџер можеби користи дрога

9. Вашето дете поседува дроги или има реквизити за користење дроги

Зависностите се чуваат во тајност, но ако најдете непознати апчиња, лулиња, шприцови или супстанции во вреќички кај вашиот тинејџер, обидете се да дознаете повеќе. Доколку сте многу загрижени, пребарајте ја собата на вашите тинејџери или разговарајте со нивните пријатели и професори. Овој совет можеби не ви звучи морално, бидејќи на тој начин ќе ја нарушите приватноста на вашето дете, но кога станува збор за проблеми со дрога, не смеете да му дозволите на тинејџерот да крие работи од вас. Во спротивно, целата ситуација може да заврши катастрофално.

10. Вашиот тинејџер ви признал дека користи дрога

Ова можеби ви звучи невозможно, но некои тинејџери им признаваат на родителите дека имаат проблеми со дрогата. Ако детето само побара помош, тогаш полесно ќе можете да му помогнете. Но, ако чуете некои од најчестите оправдувања од типот „Можам да прекинам кога сакам“, „Само го чував кокаинот за еден другар“ или „Возам подобро кога сум надуван/а“, немојте да се шокирате од наивноста на вашиот тинејџер. Бидете среќни што сте дознале за проблемот и веднаш побарајте помош за детето.

Бидете внимателни доколку вашиот тинејџер има повисок коефициент на интелигенција, бидејќи кај паметните деца постои поголема веројатност дека ќе експериментираат со дрога и алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар