10 суптилни знаци дека сте зависни од драма во врската

10 суптилни знаци дека сте зависни од драма во врската

Доколку можете, издвојте еден збор кој во целост ја опишува вашата врска. Дали тој е некако поврзан со зборот драма? Драматичните љубовни врски се многу чести во денешниот свет, но тоа не ги прави здрави и добри за вас. Баш напротив, доколку избегаат од контрола, тие можат многу лошо да влијаат врз вас. Доколку сакате да дознаете дали сте зависници од драмата во љубовните врски, тогаш погледнете ги следниве 10 изјави и размислете со колку од нив се сложувате…

10 суптилни знаци дека сте зависни од драма во врската

1. Често ме привлекуваат „лоши момци“, „идиоти“ или „играчи“.

2. Поминувам многу време обидувајќи се да го усреќам моето момче.

3. Доколку сум вознемирена за нешто во мојата врска, често ги игнорирам моите чувства за да избегнам конфликт.

4. Мажите со кои одам на состаноци сакаат да наредуваат и контролираат, па затоа и многу лесно се лутат ако не направам нешто што сакаат.

5. Се извинувам дури и кога знам дека не сум виновна.

6. Ако мојот партнер ми е лут, не можам да размислувам на ништо друго додека не го решиме проблемот.

7. Го обожавам чувството кога ќе се смириме по караница. Тоа е како да почнуваме од почеток.

8. Со момчето имаме врска која постојано се врти во круг: најпрво нештата одат добро, а потоа без предупредување тој ми се лути и јас се извинувам и правам сè што е во моја моќ за да му надоместам. Тоа води кон смирување и потоа циклусот од ново почнува.

9. Моите чувства на самопочит изгледа варираат според начинот на кој тој се однесува кон мене.

10. Знам дека треба да излегувам со „добро момче“, но се грижам дека ќе ми биде здодевно во врска каде што нема возбуда која доаѓа од драмата.

Ако одговоривте позитивно на едно или повеќе од овие тврдења, тогаш големи се шансите дека сте зависни од драма во љубовта. Според психолозите, драматичното однесување во врските е многу често. Но, добрите новости се дека оваа зависност може ефективно да биде срушена доколку работите повеќе на вашата самопочит.

Кога самопочитта и самодовербата се ниски, вам природно ќе ве привлекуваат момци кои се емоционални насилници. Вие мора прво да се почитувате себеси доколку сакате да изградите вистинска и здрава врска која е исполнета со многу љубов. Проблемот со зависниците од драма е дека тие дури и да го запознаат совршениот партнер, никогаш нема да можат целосно да уживаат во оваа врска.

Во нездравите врски многу често зависниците од драма се фокусираат на среќата на нивниот партнер како и на тоа колку тој ги игнорира нивните потреби. Тие стануваат толку внесени во неговото однесување и емоции, што едноставно престануваат да имаат свои. Токму затоа и се врзуваат со појас и без размислување се впуштаат во возењето. Тоа може да има исто влијание врз вас како и дрогата.

Од друга страна пак, во здравата љубовна врска постои безусловна љубов како и прифаќање во целост, онакви какви што навистина сте. Вие нема потреба да поминувате низ емоционален ролекостер за вашите потреби да бидат задоволени или пак, за едноставно да бидете слушнете. Вистинското партнерство помеѓу 2 еднакви личности вклучува меѓусебно предизвикување, инспирација и овозможување доволна слобода за да растете како индивидуи.

Размислете, која од овие 2 вида врски е навистина подобра за вас…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар