10 стилски чевли што секоја професионална жена треба да ги има

10 стилски чевли што секоја професионална жена треба да ги има

Професионалната облека понекогаш може да биде навистина задушлива – црни панталони, закопчани кошули, сиви палта… Но постои еден дел од облеката со кој може да експериментирате – вашите чевли. Кога облеката за на работа ви изгледа здодевна, посегнете по некои од овие чевли. Ќе се изненадите како само еден пар чевли може да го подобри вашиот изглед.

1. Чевли со шпиц

(1)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Ако работите во канцеларија, апсолутно ви се потребни чевли со шпиц. Не само што изгледаат одлично со сè, туку прават да изгледате моќно и со самодоверба.

2. Чевли со дебела потпетица

(2)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Овие чевли се одлична комбинација на удобност и стил. Многу се удобни и ќе ви ја дадат потребната висина за да бидете главни во просторијата. Ова е најдобриот избор доколку не сакате да се грижите дали ќе го превиткате вашиот глужд.

3. Чизми со висока потпетица

(3)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Инвестирајте во пар чизми со висока потпетица. Овие чизми се одлични за студеното време бидејќи ќе ве стоплат, а сепак ќе изгледате модерно и професионално. Можете да одберете и чизми до глужд кои изгледаат исто толку добро.

4. Балетанки

(4)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Нема потреба секој ден да носите чевли со високи потпетици. Балетанките се одлична замена бидејќи се женствени и доволно пристојни за во канцеларија.

5. Чевли со боја на кожа

(5)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Ако сакате пар чевли кои можете да ги облечете без многу размислување, потребен ви е пар со боја на кожа. Овие чевли можете да ги носите во секоја сезона и ќе одговараат со која било облека. Комбинирајте ги со шарен фустан за најдобар резултат. Исто така, ќе ви се допадне и начинот на кој ќе ги издолжат вашите нозе.

6. Мокасини

(6)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Бизнисот не е само машка територија, а истото важи и за мокасините. Комбинирајте ги со костум и не прифаќајте „Не“ за одговор.

7. Чевли кои привлекуваат внимание

(7)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

За да си го разубавите денот, облечете чевли кои привлекуваат внимание. Чевлите со некоја жива боја се најдобар начин да го направите тоа. Но запомнете, вниманието треба да доаѓа од нивната боја, а не од висината на потпетицата.

8. Чизми до колена

(8)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Ако сакате да носите фустани и здолништа кои завршуваат над вашите колена, овие чизми се одличен начин да ги покриете вашите нозе а сепак да изгледате модерно. „Голите“ нозе во канцеларијата може да направат да се чувствувате премногу изложено, па чизмите до колена се одличен начин да ги покажете вашите нозе без да покажувате многу кожа.

9. Оксфордки

(9)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Оксфордките се верзија на патиките која е пристојна за во канцеларија. Тие се ниски, лесни за чекорење и имаат врвци, но се доволно формални за на работа. Овие чевли се одлични за деновите кога знаете дека ќе имате работа надвор од канцеларијата. Исто така, се одлични доколку патувате со велосипед или со јавен превоз.

10. Чевли со мала потпетица

(10)10-stilski-chevli-koi-sekoja-profesionalna-zhena-treba-da-gi-ima-kafepauza.mk

Многу жени не ги сакаат овие чевли, но изгледа и тие се враќаат во мода. Доброто кај нив е што изгледате повисоки, но доаѓаат без болката од чевлите со високи потпетици.

Погледнете и кои модели на чевли ќе ви бидат потребни оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар