10 совети за облекување што ќе направат да изгледате 10 години помладо
Можеби уште се чувствувате млади, а ако сакате да изгледате така како што се чувствувате, треба да знаете дека облеката игра доста значајна улога. Сепак, понекогаш не е толку лесно лесно да се избере соодветна облека од новите колекции што ги нудат продавниците. Но, ако сакате совршен изглед, овие совети ќе ви откријат на што точно треба да обрнете внимание кога купувате облека.
1. Не избирајте задебелен принт
Да се најде убав принт што ќе направи да изгледате помладо и пософистицирано е исклучително тешко. Покрај тоа, ако принтот е премногу голем, тоа ќе направи да изгледате поголеми во целина и ќе додаде одредена возраст на вашиот изглед. Спротивно на тоа, поситниот принт и обичните текстури ќе направат да изгледате послабо и помладо.
2. Носете тесни фармерки
Ослободете се од сите фармерки што изгледаат чудно и купете тесни фармерки. Тие секогаш изгледаат модерно и лесно се комбинираат со разни блузи. Покрај тоа, тие ја истакнуваат вашата фигура и ќе изгледате послабо и помладо во нив.
3. Избегнувајте облека без форма
Предимензионалната облека може да изгледа како добро решение, особено ако сакате да го скриете пределот на стомакот. Сепак, таа може да работи против вас и да направи да изгледате уште поголеми. Пократката јакна што завршува на средината на колковите и ја дефинира вашата половина ќе направи да изгледате помладо.
4. Истакнете ја половината
Како што стареете, градите и стомакот ќе почнат да се спојуваат во едно. Така, истакнувањето на вашиот струк секогаш кога е можно е клучот за да изгледате помладо. Изберете широк колан и облечете блејзер или кардиган што се врзува за половината за да го добиете овој ефект.
5. Внимателно одберете очила за сонце
Правилно избраните очила за сонце можат многу да го модернизираат вашиот изглед. На пример, очилата во форма на мачкини очи може да го поправат проблемот со спуштените надворешни агли на очите и да направат да изгледате помладо.
6. Изберете накит со едноставен изглед
Додека постарите генерации се големи љубители на накитот што изгледа луксузно и масовно, помладите жени претпочитаат минималистички додатоци. Затоа, наместо да се натрупате со големи белезици и ѓердани, размислете да отстраните неколку парчиња накит и да носите само нешто едноставно кога ќе излезете надвор.
7. Не носете премногу црно
Црната боја дефинитивно ја оцртува фигурата и може да биде соодветна за речиси секоја пригода. Сепак, како што стареете, вашата кожа станува побледа, па затоа носењето црна облека може да создаде груб контраст, посебно на вашето лице. Може да ги нагласи брчките, дамките и темните кругови околу очите.
8. Носете градник со соодветна големина
Носењето погрешен градник не е само непријатно, туку може да му додаде и повеќе од 10 години на вашиот изглед. Градникот влијае на начинот на кој се вклопува вашата облека, па ако изберете погрешна големина, ќе изгледате подгрбавено.
9. Обрнете внимание на деколтето
Можеби сакате да ги скриете знаците на стареење на вратот со помош на облеката, но отвореното деколте ќе направи да изгледате помладо и попривлечно. Изберете џемпер, јакна или фустан со V-деколте и со тесна јака со набори.
10. Не носете премногу кратки панталони
Кратките панталони може да направат вашите нозе да изгледаат пократки. Наместо тоа, треба да изберете панталони што завршуваат на најтенкиот дел од ногата.
Прочитајте како вашата кожа да биде помлада и посјајна за само 4 седмици.