10 совети за ниските чевли да изгледаат елегантно како и високите
6. Пробајте извезени чевли со шарено палто
Иако овој вид чевли може да ви изгледа „бабински“, има начин како да го зачините изгледот. Комбинирајте ги вашите чевли со ексцентричен фустан или палто и ќе ја добиете совршената комбинација.
7. Облечете патики со одело
Патиките не се повеќе само за прошетки и завршување на обврски. Денес можете да носите патики и на работното место. Комбинирајте ги со женски костим за да изгледате навистина професионално.
8. Комбинирајте ги секојдневните чевли со палто
Ако сакате да ги носите на работа, не можете да ги комбинирате со кратки панталони и блузи со кратки ракави. За да ја направите совршената комбинација, едноставно додајте некое палто.
9. Комбинирајте ги чизмите со женствен фустан
Едноставно облечете ги вашите омилени чизми до глужд и комбинирајте ги со некој женствен фустан.
10. Носете мокасини за удобност
Не заборавајте дека и мокасините спаѓаат овде. Наместо да ги носите вашите црни штикли, најдете пар мокасини што ќе му дадат свежина на вашиот изглед.