10 совети за чистење заради кои никогаш повеќе нема да морате да правите „генералка“

10 совети за чистење заради кои никогаш повеќе нема да морате да правите „генералка“

Чистењето не мора секогаш да биде заморно и да одзема многу време. Доколку усвоите неколку едноставни навики како што е мултитаскинг во кујната или секојдневното средување на креветот, ќе можете брзо да заборавите како изгледа „генералката“.

3-10-soveti-za-chistenje-zaradi-koi-nikogash-povekje-nema-da-morate-da-pravite-generalka-www.kafepauza.mk_

1. Исчистете го нередот пред да заминете на спиење

Вклучете ја машината за миење садови, соберете ја валканата облека, средете ги покривачите и перниците на каучот. Утрото ќе ви биде поубаво доколку се разбудите во уреден дом.

2. Не собирајте непотребни предмети во домот

Ако предметите во домот немаат сопствено место, тие ќе се провлекуваат насекаде и само ќе ви пречат. Доколку сакате да имате уреден дом, морате да се ослободите од вишокот, како на пример, две исти предмети и сè она што го чувате „за секој случај“. Запрашајте се колку работи ви се навистина потребни.

3. Немојте да го одложувате чистењето и средувањето

Непишано правило е дека за сè што се потребни само две минути, треба да се направи веднаш. На пример, доколку забележите дамка на некоја површина, веднаш исчистете ја. Доколку го решавате малиот неред веднаш, со сигурност ќе го избегнете големото и заморно чистење подоцна.

1-10-soveti-za-chistenje-zaradi-koi-nikogash-povekje-nema-da-morate-da-pravite-generalka-www.kafepauza.mk_

4. Направете листа на работи кои мора да ги завршите

Педантните личности честопати имаат долги листи со обврски, но секогаш ги знаат приоритетите. За да бидете продуктивни составете листа од најважните дневни домашни обврски. Фокусирајте се на завршување на задачите, една по една, а она што не можете да го постигнете едноставно префрлете го на врвот од утрешната листа.

5. Распоредете задачи за сите членови од семејството

Понекогаш ви изгледа дека за чистење ви е потребна цела војска. Распоредете ги задачите на сите членови од семејството. Децата можете да ги стимулирате така што за секоја извршена задача ќе добијат скромна награда.

6. Враќајте ги работите на нивното место

Тоа долгорочно ќе ви заштеди многу време и ќе ви го намали стресот. Немојте да ги одложувате ситните задачи, за вашиот дом да биде поуреден и за да ги избегнете ситуациите на вечна потрага по одреден предмет.

2-10-soveti-za-chistenje-zaradi-koi-nikogash-povekje-nema-da-morate-da-pravite-generalka-www.kafepauza.mk_

7. Чистите во текот на готвењето

Мултитаскингот за време на готвењето е една од пожелните навики, бидејќи тогаш работите најлесно излегуваат од контрола. Уште додека ви е во рака, фрлајте го ѓубрето во корпата, бришете ги работните површини, а садовите ставајте ги во шкафчето доколку повеќе не ги користите. Секогаш при рака имајте една чинија во која ќе ги ставате отпадоците од овошје и зеленчук.

8. Подготвувајте ја облеката

Со облеката најчесто се создава проблем, бидејќи сме во брзање кога избираме што ќе облечеме, а после работниот ден износените парчиња облека ги оставаме насекаде. Купот облека навистина изгледа неуредно. Затоа враќајте ги на место, избегнувајте создавање куп алишта на столот или фотелјата, и обидете се чистата облека веднаш да ја испеглате и здиплите во гардероберот.

9. Спремајте го креветот секојдневно

Спремањето на креветот секое утро е едноставна задача, а собата веднаш ќе изгледа поуредно. Тргнете ги предметите околу креветот, бидејќи полесниот пристап значи дека и побрзо ќе ја усвоите оваа добра секојдневна навика.

10. Редовно чистете со правосмукалка

Оваа активност е една од најбрзите домашни задачи. Два до три пати неделно ќе бидат доволни за да го избегнете долгото вшмукување во текот на викендот. Меѓутоа, најпрво напрскајте го теписонот со мешавина од сода бикарбона и вашето омилено етерично масло, оставете нека отстои половина час, а потоа поминете со правосмукалка. Прекрасниот мирис ќе ја освежи просторијата.

4-10-soveti-za-chistenje-zaradi-koi-nikogash-povekje-nema-da-morate-da-pravite-generalka-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар