10 совети за чистење со кои вашата кујна ќе заблеска
6. Активен јаглен за лоши миризби
Овој трик е одличен за фрижидерот и за висечките елементи. Ако забележите лоша миризба од којашто не можете да се ослободите, само ставете неколку таблети активен јаглен во фрижидерот или онаму каде што има потреба, и тие ќе го апсорбираат мирисот.
7. Мајонез за растенија
Ако имате вештачки растенија во кујната, можете да им го продолжите животот со мајонез. Исчистете ја прашината, а потоа исчистете ги со вода и мајонез. Ова ќе направи да сјаат.
8. Втор живот на осамениот чорап
Дома сигурно имате чорап што не е во пар. Ако е доволно дебел можете да го користите како крпа.
9. Кафе за пријатна арома
Откако ќе ја исчистите кујната или ако сте готвеле нешто што оставило силен мирис, можете да ја освежите просторијата со арома на кафе. Ставете запалена свеќа во тегла со зрна кафе и целата соба ќе мириса пријатно.
10. Компир, масло и сол за чистење скара
Постои лесен начин да ја исчистите решетката од скарата без употреба на опасни хемикалии. Покријте ја решетката со масло, нанесете малку сол и оставете да делува 10-тина минути. Потоа пресечете компир на половина и со внатрешната страна истријте ја решетката.
Погледнете и кои места во домот не треба да ги чистите секој ден.