10 совети за чистење со кои вашата кујна ќе заблеска
Чистењето на кујната често одзема најмногу време. Сите апарати и површини бараат да им посветите повеќе внимание. Но постои начин да го направите чистењето полесно и побрзо, а овие трикови ќе ви помогнат во тоа.
1. Правило за вентилацијата
Постојат разни начини да ја отстраните прашината од решетката за вентилација, а најлесно е да го направите тоа со правосмукалка. Откако ќе отстраните поголем дел од прашината, најдобро е да ја избришете решетката со влажна крпа.
2. Алкохол за чаши
Веројатно имате забележано дамки на стаклените чаши дури и откако ќе ги измиете. За да се ослободите од нив, можете да употребите алкохол. Едноставно измешајте го со вода и измијте ги чашите.
3. Хартиена крпа во фрижидерот
Чистењето на фрижидерот никогаш не е забавно, но ако користите хартиени крпи нема потреба да го правите тоа многу често. Веројатно имате забележано дека дамките најчесто настануваат од овошјето и зеленчукот. Па под нив и под разните шишиња ставете хартиени крпи кои подоцна само ќе ги замените.
4. Зовривање вода за микробранова печка
Пареата во микробрановата печка може да направи чуда. Сè што треба да направите е да ставите сад со вода во печката и да ја оставите да зоврие. Потоа само исчистете ја внатрешноста со влажна крпа.
5. Брашно за мрсни дамки
Навистина е тешко да се ослободите од мрсните дамки, особено ако станува збор за деликатна површина. Во овој случај употребете брашно. Нанесете го на дамката и отстранете го по некое време. Овој метод е одличен за вашиот шпорет.
Продолжува на следната страница…