10 совети што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон самите себе
Вашите потреби и мислење за себе се многу важни во животот. Ако не се сакате доволно, не се вреднувате и не го браните сопствениот став, на тој начин само се саботирате. Секогаш имајте на ум дека возможно е истовремено да се грижите за себе и за луѓето околу вас. Но, само откако ќе ги исполните вашите потреби ќе можете да им помогнете на оние кои ја побарале вашата помош.
Морате да се прифатите себеси онакви какви што сте во моментов, бидејќи сѐ додека не го нахраните со љубов вашето повредено, исплашено и несигурно его, секогаш ќе ви недостасува самодоверба. Бидете центар на сопствениот универзум и следете ги следниве совети што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон самите себе…
1. Отфрлете ги сите критики
Критиките не ги менуваат работите. Престанете да се критикувате себеси и прифатете се токму онакви какви што сте. Секој може да се смени. Кога се критикувате, вашите промени се движат во негативен правец. Но, кога во вашиот ум преовладуваат позитивни мисли и промените се позитивни.
2. Немојте да се плашите
Престанете да се измачувате со сопствените мисли. Немојте да си правите ужасни филмови и секогаш да помислувате на најлошото. Пронајдете ментална слика која ќе ви предизвика пријатни чувства и веднаш заменете ја онаа застрашувачка мисла со нешто убаво.
3. Бидете нежни, љубезни и трпеливи
Не бидете строги кон себе. Бидете трпеливи додека прифаќате нови начини на размислување. Однесувајте се со себеси како да се работи за некого кого со целото срце го сакате.
4. Бидете љубезни кон вашиот ум
Кога во себе носите омраза кон вашите мисли, таа постепено се претвора во омраза кон самите себе. Немојте да се мразите себеси само затоа што имате одредени мисли. Прифатете дека се работи за минлива состојба и постепено менувајте ги мислите.
5. Давајте си пофалби
Критиките го кршат внатрешниот дух. Пофалбите го подигнуваат. Давајте си комплименти што почесто. Без разлика за колку мал успех се работи, секогаш пофалете се, што и да правите.
6. Дајте си поддршка
Најдете начин како да си пружите поддршка. Доколку не можете самите да го направите тоа, побарајте ги вашите пријатели и дозволете им да ви помогнат. Само силните луѓе не се плашат да побараат помош.
7. Научете да ги сакате вашите недостатоци
Недостатоците во личниот карактер обично настануваат со цел да се задоволи одредена потреба. Признајте си го тоа и почнете да барате нови, позитивни начини на коишто ќе можете да ги задоволите вашите потреби. Со љубов ослободете се од старите негативни навики.
8. Грижете се за вашето тело
Научете како да се храните правилно. Дознајте што му треба на вашето тело за да добие максимална енергија и виталност. Вежбајте. Во какви физички вежби уживате? Негувајте го и почитувајте го домот во кој живеете. Тоа е вашето засолниште.
9. Користете огледало
Станува збор за еден од најлесните, најефикасните и најдиректните начини да се прифатите себеси – начин кој не бара никакво предзнаење, техника, ниту остава простор за криење на егото. Застанете пред огледало, погледнете се длабоко во очите и почнете да повторувате некои позитивни афирмации кои ве мотивираат и инспирираат. Можете да го правите тоа на глас или во себе. На почеток ова ќе ви звучи смешно и бесмислено, но кога навистина ќе се фокусирате, реченицата што си ја кажувате ќе стане вашата внатрешна вистина и ќе ви дојде искрено од срце.
Барем еднаш дневно изјавете си љубов. Повторувајте си го тоа сѐ додека не се ослободите од сите замерки, осудувања и конфликти. Доколку во процесот на изговарање на тие зборови не можете да се прифатите бидејќи во минатото сте направиле нешто за што се каете, најдобро е во тој момент да си простите себеси. Простувањето е чудотворен лек кој ги лечи раните и ќе ве ослободи од товарот на минатото доведувајќи ве до местото каде што треба да бидете, а тоа е сегашноста.
10. Почнете да се сакате уште веднаш
Не чекајте да ви се подобри расположението, да ослабете, да најдете нова работа или партнер. Почнете сега и направете го тоа најдобро што можете.