10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа - Part 2

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

6. Држење на телото

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Дури и луѓето кои немаат вишок килограми изгледаат подебели кога не се исправени. Исправениот грб ќе направи вашите гради и половина да изгледаат подобро.

7. Храна

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

За стомакот да ви остане што е можно порамен, немојте да јадете премногу пред да одите на плажа. Покрај тоа, избегнувајте продукти кои предизвикуваат подуеност. Овде спаѓаат грашок, зелка, пченка, крекери, колбаси, како и газирани пијалаци и коктели. Иако ладните благи пијалаци се привлечни на жешко време, тие брзо ќе го покачат вашето ниво на енергија кое уште побрзо ќе се намали, па ќе се чувствувате изморено. Најдобро е да пиете вода и да јадете овошје и јаткасти плодови. Јаткастите плодови ќе ве заситат, а овошјето навистина ќе ве освежи. Најдобро е да јадете банани, лубеница и цитрусно овошје. Држете се настрана од јаболка, круши, грозје и суво овошје бидејќи тие предизвикуваат гасови.

8. Пешкир

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Пешкирот на кој ќе лежите на плажа исто така може да ви помогне во визуелните ефекти. Ако сакате да изгледате послаби, понесете голем, широк и долг пешкир.

9. Обувки

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

И обувките можат многу да направат за вашиот изглед. За вашите нозе да изгледаат подолги и послаби, носете едноставни сандали. Избегнувајте обувки со врвки или ремчиња на глуждовите. Сандалите со тенки ремчиња ќе направат вашите стапала да изгледаат помали, додека влечките можат да ги направат да изгледаат поголеми.

10. Правилни пози и филтри за фотографии

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Фотографиите на плажа се одличен начин да ги истакнете добрите делови и да ги сокриете несовршеностите на вашето тело со одбирање на правилните пози и агли. Па, потребно е малку да се потрудите. На пример, подобро е да ја држите брадата погоре за да нема сенка на вашиот врат. Исто така, немојте да позирате со расчекорени нозе бидејќи така ќе изгледате пошироки. За инспирација можете да погледнете фотографии од Инстаграм на разни блогерки. Не заборавајте и на филтрите, тие можат да направат вистинско чудо.

Погледнете ги и овие совети за убавина што ќе ви помогнат да се подготвите за летото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар