10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Подготовките за летната сезона почнуваат во различен период за секого. За некои тие почнуваат неколку месеци порано во теретана, додека други се обидуваат да го сокријат вишокот килограми во песокот. Вистината е дека можете да изгледате неверојатно на плажа без разлика колку „подготвено“ се чувствувате.

1. Костим за капење

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Кога одбирате костим за капење, не заборавајте на визуелните ефекти. Дури и најмалите детали се од голема важност.

  • Вертикалните рабови на костимот ја прават вашата силуета визуелно подолга.
  • Бикините со висок струк ги прават вашите нозе подолги.
  • Кружните и јаките во форма на буквата V, како и рамките зад вратот ги стеснуваат рамената.
  • Слоевите на костимот за капење додаваат волумен. Ако имате тесни колкови и широки рамена, одберете долен костим за капење со слоеви.

Кога се обидувате да го сокриете вишокот килограми, немојте да носите костим за капење со светла боја. Ако го одберете погрешниот принт, можете да изгледате многу поголеми. Ако имате широки колкови, насочете го вниманието кон горниот дел на телото со декоративни елементи.

2. Боја и принт на костим за капење

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Правилно избраната боја може да додаде баланс на секој фигура. Темните бои користете ги за местата каде што сакате да го намалите волуменот, а светлите за местата што сакате да ги истакнете. На пример, темните линии на страните на долниот дел од костимот ќе ја оцртаат вашата половина, светол горен и темен долен дел се одлични за девојки со широки колкови, мали гради и тесни рамена. Постои и друго правило кое не треба да го заборавате – хоризонталните линии додаваат волумен, а вертикалните ве прават визуелно послаби.

3. Марами

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Познато е дека марамите можат да ги сокријат несовршеностите на секоја фигура. Но, ова важи само ако правилно ги носите. Ако имате облини, заврзете ја марамата над половината, ако сте слаби, заврзете ја на колковите. Исто така важно е да обрнете внимание и на принтот. Ако имате облини избегнувајте поголеми принтови, додека за помалите девојки одлични се принтовите со средна големина.

4. Модни додатоци

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Малите детали можат да го одвлечат вниманието од несовршеностите. Овие додатоци можат да бидат чанта, алки или очила со интересен дезен и боја. Само немојте да претерувате. Неколку модни додатоци се сосем доволно за добар изглед. Ако не сте задоволни од изгледот на вашата коса, секогаш можете да ја сокриете со шешир.

5. Спреј за самопотемнување

10 совети што ќе ви помогнат да изгледате неверојатно на плажа

Ако имате светла кожа, навистина ќе се истакнете помеѓу луѓето со тен на плажата. Спрејот за самопотемнување ќе направи вашето тело да изгледа послабо. Исто така ќе ја навлажни и вашата кожа и ќе направи да изгледа помазно. Нанесувајте го спрејот неколку денови пред да одите на плажа.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар