10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Перењето претставува стрес за облеката, особено за онаа што е од свила. Затоа, важно е да употребите неколку трикови за да ја заштитите облеката, но и да го олесните процесот.

1. Перете ја деликатната облека во спинер за салата

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Овој кујнски уред е совршен за алишта, особено кога станува збор за деликатна облека што треба да се пере на раце. Ставете ги градниците и другите деликатни предмети, турете вода и детергент и оставете да вртат. Потоа, исплакнете ги под чешма за да го отстраните сапунот.

2. Закопчајте ги градниците и затворете ги сите патенти

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

На овој начин, ќе го спречите свиткувањето на куките, растегнувањето и губењето на формата.

Патентот треба секогаш да биде запетлан за да не се оштетат другите парчиња облека.

3. Откопчајте ги кошулите

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Оставете ги кошулите откопчани за да не ги оштетите копчињата. Ако ги оставите закопчани, може да почнете да забележувате дека дупките на копчињата се оштетуваат и дека копчињата стануваат лабави.

4. Перете ги градниците во навлака за перници

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Ако немате мрежеста вреќичка за перење на градниците, тогаш можете да користите навлака за перници. Навлаката ќе ги заштити од другата облека што може да ги оштети градниците, но и ќе им помогне да ја задржат формата.

Подврзете го горниот дел од навлаката за облеката да остане внатре.

5. Отстранете ги непријатните миризби од облеката со масло од чајно дрво

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Облеката понекогаш може да мириса непријатно поради мувла, која се развива во влажна средина. Додајте 10 капки масло од чајно дрво во вашиот детергент за перење алишта за да ги отстраните непријатните мириси. Ова е ефикасно затоа што маслото од чајно дрво е антибактериско, што значи дека ќе ја уништи мувлата.

6. Исправете ја облеката користејќи коцки мраз во машината за сушење алишта

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Ако не сакате да пеглате, ова е лесна алтернатива. Додајте неколку коцки мраз во машината за сушење и пуштете ја на топло 5 минути. Ова ефикасно ќе ја исправи вашата облека.

7. Исушете ја облеката побрзо користејќи сува крпа

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Овој трик ќе ви заштеди и време и енергија кога станува збор за сушењето на облеката. Пред да започнете со сушењето, ставете сува крпа заедно со влажната облека и оставете ги алиштата да се сушат 15 минути. Крпата ќе ја апсорбира влагата од вашата облека и ќе го скрати времето на сушење.

8. Раширете ја облеката што се стеснила во текот на перењето

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Натопете ја облеката во топла вода, додајте балсам за коса и потоа оставете ја да се суши. Растегнете ја облеката неколку пати за да ја вратите во првобитната големина.

9. Користете волнени топчиња за сушење

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Овој производ е еколошки и без хемикалии. Кога ќе ги ставите во внатрешноста на машината за сушење заедно со водената облека, тие ќе ви го скратат времето на сушење на половина.

10. Додајте сол за да не избледуваат боите

10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец

Една лажица сол ќе помогне да се зачуваат боите на облеката. Ова функционира затоа што хлоридот во солта помага да се задржат боите во ткаенините.

Погледнете ги овие 10 кујнски трикови што ќе ви го олеснат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар