10 совети кои ќе ви помогнат да го воспитате детето да биде примерно

10 совети кои ќе ви помогнат да го воспитате детето да биде примерно

Одгледувањето на децата можеби е една од најтешките работи што постои, но тоа е и најубавото нешто што може да му се случи на човекот. Децата се нашата иднина и ние мора да се погрижиме тие да израснат во примерни луѓе.

1.10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-go-vospitate-deteto-da-bide-primerno-kafepauza.mk

Љубовта кон децата е неспоредлива со ниедна друга, тие се најголемото богатство, но токму поради тоа родителите често грешат при воспитувањето. Секако, тоа не ги прави лоши родители, само што децата примаат навики кои потоа лошо влијаат врз нивниот живот во иднина.

Направивме листа од 10 работи кои ќе ви помогнат да го израснете вашето дете во подобар човек.

1. Почесто кажувајте НЕ. Практикувајте одложено задоволство и едноставно не му давајте на вашето дете сè што ќе посака во моментот, иако вие тоа лесно можете да си го дозволите.

2. Очекувајте благодарност. Одете чекор подалеку во учењето на вашето дете да кажува „ве молам“ и „благодарам“. Научете го да воспоставува контакт со очи, правилен поздрав со рака, да покажува љубезност и благодарност за убавите зборови кои му се кажуваат и дарежливите подароци кои ги добива. Ако ова не се случува, натерајте го детето да го врати подарокот (на личноста која му го подарила или вам на безбедно чување) и објаснете му зошто не е подготвено да го добие.

3. Практикувајте алтруизам. Донирајте облека и играчки за луѓето на кои им се потребни (не само на вашите соседи бидејќи така е најлесно и бидејќи тие имаат мали деца) и потрудете се и вашето дете да биде дел од тој процес. Правете го ова почесто кога имате можност, пакувајте и подарувајте заедно со цел детето да научи да не биде себично.

4. Бидете внимателни во врска со вашето друштво. Ако се дружите само со богати семејства кои не го одгледуваат нивното дете правилно, можеби ќе почувствувате потешкотии да го постигнете тоа што сакате кога станува збор за воспитувањето на вашето дете. Гледајте да го поминувате времето со членови на фамилијата или пријатели кои имаат слични вредности на вашите.

5. Пишувајте картички за благодарност. Да, картички напишани на хартија со пенкало! Генерално, денес децата пократко го задржуваат вниманието, расеани се и не се научени да одвојуваат време и внимание за да ја изразат нивната благодарност. Оваа едноставна, но сепак важна работа, може значително да го научи вашето дете не само да ја изразува својата благодарност за нештата кои ги има и доживува, туку и своите чувства и грижи.

2.10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-go-vospitate-deteto-da-bide-primerno-kafepauza.mk

6. Не ги фаќајте секогаш кога ќе паднат. Гледајте да научат дека постапките имаат последици уште од рана возраст – споделете ваши искуства и научете ги лекции како „животот не е фер“. Дополнително, не претерувајте во заштитувањето од разочарувања. Мора да разберете и да верувате дека падовите се дел од успешниот развој на детето.

7. Одолејте му на поривот да купувате повеќе работи наеднаш. Само затоа што можете, не значи дека морате! Не купувајте му 4 играчки наеднаш, купете му една и дозволете му на детето да ја засака и да го цени она што го има.

8. Разговарајте со нивните дедовци и баби и објаснете им ги вашите намери. Споделете со нив дека имате желба детето да научи за почит, благодарност, љубезност и одговорност, и дека целите кон тоа. Потребна ќе ви биде нивната помош во остварување на овие цели, особено ако тие се како повеќето баби и дедовци кои сакаат да ги разгалуваат нивните внуци и внуки. Побарајте од нив да го разгалуваат вашето дете со љубов, време, наклонетост и внимание, а не со пари, подароци и играчки.

9. Научете го детето за вредноста на парите. Поттикнете го вашето дете да управува со пари преку заштеда и донирање во добротворни цели, наместо во трошење. Ако го практикувате ова уште од рана возраст, тогаш детето ќе израсне во навистина одговорна личност.

10. Споделувајте ги вашите приказни. Ако потекнувате од богата фамилија, раскажете му ја на вашето дете приказната како дошло до тоа. Ако самите го имате постигнато она што го имате, раскажете му ја таа приказна. Не заборавајте дека „давањето на детето сè што вие сте немале“ не е секогаш добра работа. Сигурно постојат многу работи кои вие сте ги научиле по патот кои ве направиле личноста којашто сте денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар