10 совети кои ќе ви помогнат да ги контролирате негативните емоции

10 совети кои ќе ви помогнат да ги контролирате негативните емоции

Негативните емоции се моќни бидејќи честопати можат да ги контролираат нашите реакции. Од нив произлегуваат зборови кажани во афект кои не можеме да ги повлечеме, а прават огромна и непоправлива штета. Сите во животот сме почувствувале гнев кој сме мислеле дека не можеме да го контролираме. А во зависност од тоа дали можеме да се контролираме или не, или сме компулсивни или смирени. Но, некогаш е многу тешко да ги контролираме нашите емоции. Затоа спремивме 10 совети како да се контролирате, иако некогаш изгледа невозможно.

0-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-gi-kontrolirate-negativnite-emocii-kafepauza.mk

1. Смирете се

Ако чувствувате лутина или гнев кон некого, пред да речете нешто, длабоко земете воздух и полека бројте до 10. Во најмногу случаи, додека стигнете до 10 веќе ќе имате пронајдено подобар начин за справување со проблемот. Така, лутината не само што нема да се зголеми уште повеќе, туку ќе се намали. Ако сè уште сте лути откако ќе изброите до 10, одвојте време колку што ви е потребно и потоа разгледајте го проблемот штом се смирите и чувствувате дека можете да размислувате трезвено.

2. Не избрзувајте со носење заклучоци

Кога чувствувате дека нечие однесување не е коректно кон вас, избегнувајте да носите негативни заклучоци. Наместо тоа, разгледајте ги сите перспективи на проблемот пред да реагирате. Типичен пример е кога пријателот не ни крева на телефон. Првата мисла која ни паѓа на памет е дека нѐ игнорира или нѐ сака да зборува со нас.

Потрудете се да ја согледате целата слика. Можеби таа личност е премногу зафатена во моментот за да ви обрати внимание. Кога избегнуваме да ги анализираме туѓите однесувања, можеме пообјективно да ги гледаме работите. А со тоа се намалуваат шансите за создавање на нови недоразбирања.

3. Ставете се во туѓа кожа

Кога се справувате со проблематична личност, барем на еден миг, обидете се да се ставите на нејзино место. Завршете ја реченицата „Сигурно не е лесно… На пример:

  • „Моето дете не прифаќа никаков совет. Сигурно не е лесно да се справуваш со школото и со притисоците од околината.“
  • „Мојот претпоставен има огромни барања. Сигурно не е лесно да ги задаваш тие барања кога и тебе претпоставениот постојано те набљудува.“

Сепак, исказите полни со емпатија не го оправдуваат неприфатливото однесување. Целта е да се потсетите дека луѓето го прават тоа што го прават поради нивните лични проблеми. Сѐ додека сте разумни и имате обѕири, неприфатливото однесување на другите луѓе кажува многу повеќе за нив, отколку за вас.

4-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-gi-kontrolirate-negativnite-emocii-kafepauza.mk

4. Дајте си време за размислување

Кога се соочувате со тешкотии при носење одлуки за кои не сте сигурни, едноставно дајте си време така што ќе речете: „Ќе размислам“. Оваа фраза веднаш го отстранува психолошкиот притисок и ви дава контрола врз ситуацијата. Без разлика дали се работи за колега кој бара услуга од вас, ве покануваат на љубовен состанок или шефот ви создава притисок, одвојте онолку време колку што ви е потребно за да ги процените „за“ и „против“ аргументите на ситуацијата. Исто така размислете дали сакате да преговарате за поинаков договор или пак подобро би било само да речете „не“.

5. Одморете се

Ако се чувствувате нервозно и анксиозно, ставете ладна вода на вашето лице. Таа го поттикнува нуркачкиот рефлекс кој го стимулира намалувањето на пулсот за 20 до 25%. Исто така добра идеја е да излезете на свеж воздух и да дишете длабоко од дијафрагмата.

6. Напијте се чај

Кога сте под голем стрес напијте се чаша бескофеински зелен чај. Истражувањата покажале дека зелениот чај содржи аминокиселински теанин, кој помага при намалување на стресот. Држењето на чашата со топол пијалак во рацете исто така може да ве расположи. Избегнувајте ги кофеинските пијалаци бидејќи тие ја поттикнуваат нервозата.

1-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-gi-kontrolirate-negativnite-emocii-kafepauza.mk

7. Вежбајте

Кога чувствувате страв или обесхрабреност, пробајте интензивни аеробик вежби. Телото е одраз на умот. А движењето ги диктира емоциите. Вежбајте, бидејќи колку што се чувствувате поздраво, толку поголема самодоверба ќе имате.

8. Релаксирајте се

Кога се заморувате со нешто за кое знаете дека не вреди, без разлика дали станува збор за непотребна анксиозност или пречувствителност, користете ја техниката на психологот Ерик Мејзел и речете си себеси: „Нема да спобудалам поради ова!“ Одвлечете си го вниманието со конструктивни активности за да не заглавите напнувајќи се со проблемот. За да останете објективни, побарајте помош од пријатели на кои им верувате.

9. Одете во природа

Кога сте збунети, потребен ви е одмор или инспирација, едноставно одете во природа и опкружете се со зелени и сини нијанси кои имаат смирувачки ефект. Најдете панорама и гледајте во далечината. Пешачете и дишете длабоко. Впивајте ги убавините на природата. А потоа вратете се со одморен мозок, нова перспектива и свежа инспирација.

2-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-gi-kontrolirate-negativnite-emocii-kafepauza.mk

10. Прашувајте се себеси

Кога се соочувате со неуспех, прашајте се:

  • „Која е поуката од ова?
  • „Што можам да научам од ова искуство?
  • „Што е важно во моментов?
  • „Ако размислувам надвор од кутијата, кои би биле подобрите одговори на овие прашања?

Колку е поголем квалитетот на прашањата кои си ги поставуваме, толку е поголем квалитетот на нивните одговори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар