10 скриени знаци по кои ќе познаете дека некоја жена е бремена - Part 2

10 скриени знаци по кои ќе познаете дека некоја жена е бремена

6. Ги заменила високите потпетици со поудобни обувки

7-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Не е лесно да носите нов плод во своето тело, па ако забележите дека вашата пријателка ги заменила обувките кои најчесто ги носи со поудобни модели, како патики, тоа може да биде знак дека нејзиното тело се менува заради бременоста.

7. Има често промени во расположението

8-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Ненадејните промени во расположението се сосема нормални во бременоста. Виновник за ова се хормоналните промени во телото, заради кои расположението оди горе-долу. Ако се сомневате дека вашата другарка чека дете, обидете се да бидете многу внимателни со неа.

8. Многу е чувствителна на мириси

9-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Уште еднаш хормоните, пред сѐ естрогенот, се главните виновници за зголемената чувствителност на сетилото за мирис во текот на бременоста. Ако вашата пријателка почувствува мирис кој вие не го чувствувате, можеби се во прашање нејзините хормони.

9. Ужива во чудни комбинации на храна

10-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Познато е дека трудниците може да чувствуваат силна желба за одредени производи и голема одбојност кон некои други. Дали вашата другарка или роднина ја јаде храната која инаку не би ја пробала, а ја одбива онаа која некогаш многу ја сакала? Ако вашиот одговор е позитивен, можеби вашите сомнежи се оправдани.

10. Чекори поразлично

11-10-skrieni-znaci-po-koi-kje-poznaete-deka-nekoja-zhena-e-bremena-www.kafepauza.mk_

Познатото трудничко чекорење е непобедлив доказ дека некој чека дете. Дури иако стомакот сѐ уште не се гледа, дополнителната тежина ќе предизвика промени во начинот на кој жената чекори. Ова може само да ја потврди вашата теорија за нечија бременост.

Но, понекогаш можеби само станува збор за ПМС. За да не дојде до забуна и голема грешка, погледнете кои се главните разлики помеѓу рана бременост и ПМС.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар