10 сигурни знаци дека доживувате паничен напад - Part 2

10 сигурни знаци дека доживувате паничен напад

6. Вртоглавица

(6)10-sigurni-znaci-deka-dozhivuvate-panichen-napad-kafepauza.mk

Чест знак дека имате паничен напад е чувството на слабост, вртоглавица и губење свест. Причината за ова е тоа што крвта од мозокот почнува да се движи кон вашите екстремитети за да можете да се борите или да бегате ако има потреба. Немојте да се чудите ако почнете да чувствувате и гадење. Ова чувство може да биде придружено со вртоглавицата.

7. Се потите

(7)10-sigurni-znaci-deka-dozhivuvate-panichen-napad-kafepauza.mk

Потењето е природна реакција на зголемената анксиозност. Можете да почнете и да треперите и да се тресете додека се потите.

8. Се чувствувате и топло и ладно

(8)10-sigurni-znaci-deka-dozhivuvate-panichen-napad-kafepauza.mk

За време на паничен напад често се случува жртвите да почувствуваат бран топлина или ненадеен студ. Додека паничниот напад трае само 5 до 10 минути, овие ефекти можете да ги чувствувате и неколку часови.

9. Сте биле под многу стрес

(9)10-sigurni-znaci-deka-dozhivuvate-panichen-napad-kafepauza.mk

Иако постојат разни причини за паничен напад, заедничко кај сите луѓе е стресот. Причината најчесто е стрес кој се случувал во изминатите 6 до 8 месеци. Многу често стресот е поврзан со загуба, односно чувство дека има задача или предизвик кој го гледате како многу голем, а сметате дека не сте доволно способни за тоа. Ако сте биле под многу стрес во последно време, а чувствувате некои од симптомите, можно е да имате панични напади.

10. Стратегии за справување со паничен напад

(10)10-sigurni-znaci-deka-dozhivuvate-panichen-napad-kafepauza.mk

Ако имате повторливи панични напади, побарајте стручна помош. Американското здружение на психијатари советува дека когнитивно-бихејвиоралната терапија може да го промени начинот на кој размислувате. На овој начин позитивно ќе гледате на потенцијалните предизвикувачи на паничен напад, ќе ги разберете вашите стравови и евентуално ќе се соочите со нив. Во некои случаи се препорачуваат лекови за анксиозност и техники за релаксација. Во меѓувреме, обидете се да избегнувате премногу стресни ситуации за да го заштитите вашето здравје.

Погледнете и која е разликата помеѓу анксиозност и паничен напад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар