10 реченици кои ниту една жена не сака да ги слушне од својот партнер
Момци, ако сте во брак или се подготвувате на таков важен потег, запишете и добро запомнете го ова што ќе ви го кажеме, бидејќи токму избегнувањето на овие реченици би можело да го спаси вашиот брак во иднина. Ако не сакате непотребно да ја налутите вашата драга, никогаш, ама баш никогаш не изговарајте ги следниве речници.
1. „Мојата мајка знае да го зготви тоа подобро, тебе баш и не ти оди“
Ако сакате да продолжите да јадете во вашиот дом, не споредувајте ја кујната на вашата мајка со кујната на вашата жена.
2. „Беше пресекси кога се запознавме, но за мене си слатка и вака запуштена и здебелена.“
А, кој сте вие? Изгубениот брат близнак на Бред Пит? Нашиот добронамерен совет е – никогаш немојте да се обидувате да ја спуштите самодовербата на жената со која спиете.
3. „Денес ја видов бившата девојка, се сеќаваш на онаа која ме остави, па плачев со години. Сѐ уште изгледа прекрасно…“
Всушност, вие не сте ја виделе неа, таа не ве видела вас и тоа е приказната до која треба да се држите. Се согласувате?
4. „Моите родители никогаш не ти кажале нешто лошо. Сето тоа си го измислила.“
Слободно лажете се себеси, но не мора да го правите тоа и со вашата сопруга. Во овие моменти ѝ е потребна поддршка и ништо друго. Покажете им на родителите дека сте на нејзина страна и дека таа ја има вашата безусловна поддршка.
5. „Твојата колешка не сака да се ослободи од тебе. Сето тоа си го измислила.“
Всушност, можете ли да ја заборавите секоја мисла која завршува со „Сето тоа си го измислила“?
6. „Ти си едноставно подобра со децата, ние мажите ја немаме таа способност“
Слатка приказна, а дали сте слушнале за поделба на обврските на половина? И двајцата работите, што значи и двајцата треба да готвите, да чистите, да се грижите за децата и да го фрлате ѓубрето…
7. „Јас повеќе заработувам, па јас треба да ги донесам одлуките“
Ако размислувате на овој начин, тогаш вие имате проблеми, а не вашата сопруга, бидејќи бракот не се сведува само на финансиите.
8. „Да, твојот омилен фустан ти стои ужасно“
Погрешно! Ова е трик прашање. Не наседнувајте. Кога таа ќе ве праша дали нешто ѝ стои ужасно, веднаш спротивставете ѝ се и кажете ѝ дека е прекрасна.
9. „Сопругата на мојот пријател спие со него пет пати неделно, во недела пече колачи/учи танц на шипка/секогаш има супер фризура/никогаш не приговара“
Супер! Прашајте ја дали таа има сестра. За тоа време ние ќе го побараме бројот од братот на вашиот пријател кој ги собира чорапите од подот/помага со децата/готви/пере/танцува/се смее/ги забавува нашите другарки/сѐ уште изгледа фантастично. Или?
10. „Која си ти за да морам да ти кажувам каде сум и со кој сум бил?“
Таа е вашата сопруга. Ако не ѝ верувате, постојат фотографии од вашата венчавка.