10 реченици кои ќе ви го променат животот
Моќта на реченицата е огромна. Само една реченица некогаш може да ни го уништи денот, да ни го промени расположението или да ни го направи денот поубав. За среќа, постојат реченици кои се толку моќни што можат да ни го променат животот на подобро. Еве 10 такви.
1. Луѓето не се против тебе. Тие се за самите себеси.
2. Искачувај се на планински врвови, не за да те види светот, туку за да го видиш ти него.
3. Учиш повеќе од неуспесите отколку од успесите. Не дозволувај тоа да те сопре. Неуспехот го гради карактерот.
4. Најопасниот ризик од сите е ризикот да го потрошиш животот неправејќи го она што го сакаш, коцкајќи се со сопствената слобода да го сториш тоа подоцна.
5. Оди онаму каде што те слават, не таму каде што те толерираат.
6. Личноста со која ќе го поминеш најголемиот дел од животот си ти, затоа потруди се да бидеш најинтересен што можеш.
7. Ако ги прифатиш своите ограничувања, можеш и да ги надминеш.
8. Луѓето велат дека мотивацијата не трае долго. Да, но исто и бањањето. Затоа се препорачува да се практикува секој ден.
9. Секој што ќе го сретнеш се плаши од нешто, сака нешто и има изгубено нешто.
10. Комфорот е непријател на постигнувањето успеси.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.