Претходно
10 рецепти кои се одлични за во есен
9. Меден коктел (The Honey Bear Coctail)
Потребни состојки:
За сируп од жалфија и мед (доволно за 3-4 коктели):
- 1 чаша вода (240 мл)
- 170 г мед
- 10 свежи ливчиња жалфија
За коктелот (за еден коктел):
- 60 мл бурбон
- сируп од мед и жалфија
- 1 кора од портокал
- 1 гранче свежа жалфија
Начин на подготовка:
- Во тенџере на висока температура, ставете ги водата, медот и жалфијата да се варат. Намалете ја температурата и оставете да врие 2 минути. Исклучете ја ринглата и оставете смесата целосно да се олади. Тргнете ја жалфијата.
- Кога сирупот ќе се олади, во чаша со дупло дно ставете мраз, врз него бурбон, а потоа и сирупот.
- Ставете ја кората од портокал во чашата, но претходно добро истегнете ја за да ги ослободи маслата од неа. Добро измешајте и декорирајте со жалфија на врвот.
Од кога тоа сланината е „панчета“?