Претходно
10 рецепти кои се одлични за во есен
5. Рижото од тикви и панчета
Потребни состојки:
- 4 ленти панчета
- 5 одделни лажици несолен путер
- ½ издробен кромид
- 480 г ориз
- 1 чаша суво бело вино (240 мл)
- 4-6 чаши бујон
- 200 г печена тиква во вид на пире
- Сол
- 90 г рендан пармезан
Начин на подготовка:
- Ставете ја панчетата во нелепливо тавче на претходно загреана рингла на средна температура. Пржете ја додека не стане крцкава. Потоа поставете ја на чинија на која има хартија која впива масло.
- Во тавче со дупло дно, стопете 2 лажички путер на средна температура. Потоа додадете кромид. Мешајте додека не стане прозрачен.
- Додадете го оризот и постојано мешајте со дрвена лажица за да се прекрие со смесата од путер и кромид. Додадете вино и пржете додека виното не испари.
- Намалете ја температурата и додадете една голема лажица супа. Постојано мешајте за да не се зафати.
- Додадете ја пржената тиква во форма на пире. Откако супата ќе се намали, турете уште една чаша. Продолжете така да правите додека оризот не се испржи, околу 30-тина минути.
- Отприлика 5 минути пред да завршите со готвење, турете ги и преостанатите 3 лажички путер. Мешајте додека не се изедначи смесата. Додадете пармезан и повторно мешајте.
- Откако ќе се испржи, тргнете го тавчето од ринглата, прекријте го со фолија и оставете да се олади, околу 5 минути. Декорирајте со исечкана панчета и по желба, може да додадете уште пармезан.
Од кога тоа сланината е „панчета“?