10 рецепти кои се одлични за во есен - Part 3

10 рецепти кои се одлични за во есен

3. Шпагети со карфиол, бурата сирење, мајчина душичка и пармезан

3-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mk

Потребни состојки за 4 порции:
  • 250 мл слатка павлака (со 35% масленост)
  • 3 жолчки
  • 80 г рендан пармезан, плус екстра за сервирање
  • сол и бибер
  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло
  • 25 г несолен путер, исечкан
  • 1,2 кг сечкан карфиол
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажица мајчина душичка
  • 400 г шпагети
  • 2×200 г бурата (или моцарела) сирење
Начин на подготовка:
  1. Слатката павлака, жолчките, пармезанот, солта и биберот измешајте ги заедно во еден голем сад.
  2. На висока температура загрејте ги маслото и путерот во нелепливо тавче за пржење.
  3. Додадете ги карфиолот, лукот, мајчината душичка, солта и биберот и оставете нека се вари 10-12 минути или додека не добие златна боја. Оставете ги настрана, но внимавајте да не се изладат премногу.
  4. Варете ги тестенините во солена зовриена вода 8-10 минути или оставете ги „ал денте“. Исцедете ги, но зачувајте 125 мл од водата во која се готвеле.
  5. Вратете ги тестенините во тавчето, но на пониска температура. Додадете ја смесата со слатка павлака и водата во која се вареа и мешајте 2 минути, или додека не се згусне. Поросете со карфиол, бурата сирење и пармезан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Гладен Reply

    Од кога тоа сланината е „панчета“?

Остави коментар