10 рецепти кои се одлични за во есен - Part 10

10 рецепти кои се одлични за во есен

10. Пита од круши и јаболка

10-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За основата на питата:
  • 6 зелени јаболка, излупени, без срцевина и тенко исечкани
  • 5 круши, без срцевина и тенко исечкани
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
  • 140 г шеќер
  • 50 г кафеав шеќер
  • 1 лажица сенаменско брашно
  • 1 лажичка цимет
За кремот:
  • 100 г овес
  • 100 г сенаменско брашно
  • ½ лажиче цимет
  • 200 г кафеав шеќер
  • 110 г путер, стопен и оладен
  • 1 лажиче екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Најпрво загрејте ја ринглата на 175 степени Целзиусови.

За подготовка на основата:

Во голем сад за измешајте ги јаболката, крушите и сокот од лимон. Во помал сад измешајте го обичниот и кафеавиот шеќер, брашното и циметот. Со оваа смеса поросете ги јаболката и крушите. А смесата турете ја во тава во еднакви слоеви.

За подготовка на кремот:
  1. Во голем сад, измешајте ги овесот, брашното, циметот и кафеавиот шеќер, а врз нив турете смеса од путер и ванила и мешајте додека не се изедначи смесата.
  2. Смесата турете ја врз микстурата од јаболка и круши. Печете околу 40-45 минути или додека не добие златна боја.
  3. Се сервира топло, а дополнително, по ваша желба можете да додадете сладолед, карамел сос или шлаг пена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Гладен Reply

    Од кога тоа сланината е „панчета“?

Остави коментар