Совршени работни места за најголемите авантуристи
Дали сте авантурист? Дали ги поминувате одморите и слободните денови правејќи нешто што ви го покачува адреналинот? Ако одговорот е да, тогаш вие сигурно не сте за работа во канцеларија. За среќа, постојат многу работни места кои ќе ви ја овозможат посакуваната авантура.
1. Пожарникар
Гасењето пожари бара многу работна рака, особено во лето кога шумите се премногу суви. Но за оваа работа мора да бидете многу физички подготвени. Можете да помагате во спречување на појавата на пожари, да сечете грмушки, да копате дупки (за да го спречите напредувањето на пожарот) и да предизвикувате контролирани пожари. Ако барате несекојдневна авантура, речиси сигурно ќе ја пронајдете овде.
2. Морски биолог
Морската биологија е науката која ги истражува животните, растенијата и микроскопскиот свет во океаните. Со зголеменото загадување на водите и климатските промени, се менува и океанскиот живот. Морските биолози ги истражуваат овие промени и се обидуваат да најдат проблем или решение. Бидејќи речиси 80% од целиот живот на планетата се наоѓа под вода, оваа професија е навистина важна. Покрај тоа, ќе ви овозможи да патувате на отворено море, да собирате примероци од терен и со часови да истражувате во лаборатории.
3. Авантуристички водич
Самото име го содржи зборот авантура. Со оваа професија секој ден ќе ја добивате потребната доза адреналин. Без разлика каде живеете, сигурно ќе најдете место (најчесто национални паркови) каде што има дел за авантуристи. За ова ќе ви биде потребно искуство како и дозвола со цел да им ја овозможите потребната безбедност на клиентите. Можете да ги водите туристите на активности како кајакарство, јавање коњи, нуркање и слично. За ова работно место потребно е да бидете пријателски настроени, информирани, смирени, и најважно – да имате тренинг за прва помош.
4. Терапија со авантура
Терапијата со авантури најчесто се фокусира на проблематични млади личности, луѓе со депресија, со пострауматски стрес, луѓе со попречен развој и зависници. Овој вид терапија ги тера луѓето да излезат од својата удобна зона со цел да стекнат самодоверба и вештини за решавање проблеми. Овде спаѓаат активности со помал ризик како качување на карпи, кампување и слично.
5. Ренџер во парк
Вашата обврска би била да ја одржувате хигиената и безбедноста во делот од шумата кој ви е доделен и да им овозможите на посетителите безбедна и пријатна посета. Ренџерите обично учат шумарство и работат во национални или приватни паркови. Речиси никогаш не знаете што ќе пронајдете во шумата, а покрај тоа целиот ден ќе го поминувате на отворено. Се разбира, секогаш ќе треба да бидете подготвени за несреќа. Овде спаѓаат пожари, повредени туристи или агресивни животни и итни медицински случаи.
Продолжува на следната страница…