10 работни места каде што вработените имаат висок коефициент на интелигенција
За некои работни места не е доволно само да се појавите навреме и да ги завршите дневните задачи. Некои работодавци бараат работници кои можат да размислуваат надвор од кутијата. Тие бараат луѓе кои можат да смислуваат стратегии и нови методи за завршување некоја работа. Некои кариери, помалку или повеќе, се направени за луѓе со повисок коефициент на интелигенција. Иако е потребно многу повеќе од тест за интелигенција за да се откријат овие луѓе, некои истражувања покажале дека поинтелигентните луѓе се стремат кон одредени професии. Погледнете за кои станува збор.
1. Доктори и хирурзи
За да станете доктор поголемиот дел од животот треба да го посветите на учење. Потребно е долго школување само за да добиете почетна работа, а самото тоа укажува дека ви е потребна голема мотивација, но и интелигенција. Поради ова повеќето доктори имаат натпросечен коефициент на интелигенција.
2. Универзитетски професори
Да бидете професор значи да предавате, а не можете да го правите тоа ако не сте паметни. Професорите речиси секогаш се високо образовани и се експерти во нивната област. За да стигнете до ова работно место, потребно е навистина да размислувате и да апсорбирате знаење.
3. Електрични инженери
Не е лесно да се стане инженер бидејќи е потребно многу учење, но и апстрактно размислување. За повеќето луѓе ова не е едноставно, а електричното инженерство најчесто привлекува интелигентни луѓе.
4. Адвокати
Апстрактното размислување и способноста да запомните многу информации се клучни за да бидете добар адвокат. Поради ова просечната личност ретко ќе успее во оваа област.
5. Научници
Поимот научник е навистина широк и опфаќа многу професии. Научниците може да работат во здравството, технологијата, и речиси секоја друга област. Нив им е потребна интелигенцијата за да решаваат комплексни проблеми и да дојдат до логично решение. Со други зборови, неопходно е да бидат паметни.
Продолжува на следната страница…