10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче
6. Кромид и лук
Ставајте ги овие производи надвор од дофат на вашето милениче. Тие можат да предизвикаат иритација на дигестивниот систем и да ги оштетат црвените крвни клетки, што доведува до анемија.
7. Инсектициди
Во ред е тоа што сакате да се заштитите од инсектите, но не треба да го правите тоа на сметка на здравјето на вашето милениче. Хемикалиите што ги содржат инсектицидите се отровни за животните и можат да предизвикаат напади, хронична анорексија и мускулно ослабување што може да трае со денови и недели. Секогаш читајте ги упатствата на инсектицидите и ставајте ги на места каде што ќе бидат ефективни, но нема да бидат во близина на домашното милениче.
8. Парички и метали
Животните можат да голтнат некои метали и парички и да не доживеат никакви проблеми, но тоа не важи за оние направени од цинк. Ако ваквите предмети стигнат до стомакот, цинкот се разредува и на тој начин се впива во крвотокот што може да доведе до оштетување на црниот дроб, бубрезите и срцев удар. Доколку се сомневате дека вашето милениче изело нешто што содржи цинк, не обидувајте се да го натерате да поврати и не му давајте пијалаци и храна. Веднаш однесете го на ветеринар.
9. Детергенти за алишта
Повеќето детергенти содржат разни хемикалии што предизвикаат гушење и повраќање. Најопасни се детергентите за алишта во шишиња, бидејќи мирисаат убаво и личат на играчки, што може да ги привлече миленичињата.
10. Средства за чистење
Средствата за чистење кујни, тоалети и базени може да предизвикаат хемиски изгореници ако вашето милениче ги голтне или пак ако неговата кожа и крзно бидат изложени на нив. Последиците може да варираат од сериозна треска до солзење на очите и летаргија. Шкафовите каде што ги чувате овие средства треба да бидат добро затворени за вашето милениче да не може да дојде во контакт со нив.
Прочитајте ги и следниве опасности кои им се закануваат на домашните миленици во вашиот дом.