10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

Чувањето домашно милениче е многу голема одговорност што не вклучува само хранење и шетање. Првото нешто што треба да го направите е да се ослободите од сите нешта што би можеле да му наштетат на вашето куче или маче. Во продолжение, дознајте кои работи во домот се многу опасни за вашиот домашен миленик…

1. Пица

10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

Некои производи што се ставаат на пица се опасни за животните, особено лук, кромид и кашкавал. Миленичињата можат да јадат одредени кашкавали, но тој што се става на пица речиси секогаш содржи многу лактоза, а тоа може да му наштети на вашиот миленик. Пицата исто така содржи натриум што може да биде фатален за миленичето.

2. Лекови

10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

Генерално гледано, сите лекови што содржат парацетамол се опасни. Овие лекови го оштетуваат црниот дроб кај кучињата и предизвикуваат анемија кај мачките. Секогаш чувајте ги лековите во затворени теглички за да не може вашето милениче да дојде до нив. Ако некогаш ги испуштите апчињата, погрижете се да ги најдете пред вашиот миленик да ги најде.

3. Чоколадо, кафе, кофеин

10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

Можеби не можете да го започнете утрото без шолја кафе и парче чоколадо, но овие производи може да бидат фатални за вашето милениче. Имено, тие содржат супстанца што е отровна за миленичињата и се вика метилксантин. Ако вашето сакано милениче консумира чоколадо или кафе може да има проблеми со дишењето, да повраќа, да добие напади, па дури и да заврши фатално. Ако забележите некој од овие симптоми или се сомневате дека вашето милениче изело голема количина на чоколадо, веднаш однесете го на ветеринар.

4. Грозје и суво грозје

10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

Овие вкусни закуски треба да ги чувате само за себе бидејќи содржат многу состојки што се отровни за миленичињата. Дури и да изедат само неколку зрна грозје, тоа може да доведе до напади, повраќање, оштетени бубрези и летаргија. Чувајте ја штетната храна во садови кои ќе ги ставите доволно високо за да не може вашето милениче да ги дофати. Кажете им ги правилата на вашите гости пред да го нахранат вашето милениче со опасна храна.

5. Алкохол

10 работи во домот што се многу опасни за вашето домашно милениче

Ако го сакате вашето милениче, никогаш не му давајте алкохол. Алкохолот може многу да им наштети на неговите бубрези и црн дроб и да доведе до абнормално ниво на киселина во крвта, намалена координација, кома, срцев удар и смрт.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар