10 работи што жените со висока самодоверба ги прават различно во љубовната врска

10 работи што жените со висока самодоверба ги прават различно во љубовната врска

Слабата самодоверба е она што нѐ заробува во лоши врски каде што се чувствуваме уништени и поразени кога врската ќе заврши. Од друга страна пак, високата самодоверба не е гаранција за среќна врска, но таа ви овозможува да согледате што е тоа што го сакате и заслужувате да го имате до себе. Следуваат десет работи што личностите со самодоверба ги прават поинаку во една врска, а поради тоа имаат и поголем успех на љубовното поле.

10 работи коишто жените со самодоверба ги прават различно во врската

1. Не анализираат дали партнерот ги сака туку го претпоставуваат тоа

Личностите со висока самодоверба веруваат дека се вредни за љубов и не прашуваат како некој се чувствува во врска со нив. Тие знаат дека се добри, компетентни и вистинската личност за нив ќе го согледа ова. Ним не им е важно што мислат другите околу ова. Претпоставуваат дека оној кој е со нив ги сака, па затоа уживаат во врската без да се опседнуваат со стравови и сомнежи.

2. Знаат дека ако врската се распадне тоа е поради фактот што не е вистинската за нив

Не затоа што направиле нешто погрешно. Тие сфаќаат дека секој не си одговара со секој. Жената со самодоверба никогаш нема да ги промени своите ставови и очекувања поради некој друг. Од друга страна пак, несигурните жени постојано анализираат што не е во ред со нив и постојано мислат дека тие се проблемот.

3. Поставуваат здрави граници

Поставувањето лични граници и самодовербата одат рака под рака. Кога поставуваат свои граници, жените им даваат приоритет на своите чувства и не ја преземаат одговорноста за туѓите потреби и емоции. Тие не дозволуваат да бидат под притисок за работите што не сакаат да ги направат и го прават она што според нив е правилно. Што не е случај со несигурните жени, кои иако знаат дека нешто не е во согласност со нивните сфаќања, тие сепак ќе го направат тоа. Стабилните и сигурни жени знаат дека не треба да се изгубат себеси во една врска, давајќи им време и на своите желби и потреби.

4. Си веруваат на себе и на одлуките што ги прават

Клучна особина на жените со висока самодоверба е тоа што тие си веруваат на себе и на одлуките што ги прават. Тие не ги испитуваат постојано своите постапки и се однесуваат на начин на кој се чувствуваат удобно, онакви какви што се. Луѓето со ниска самодоверба пак не си веруваат себеси и на своите инстинкти, а како резултат на ова тие се во постојана борба со анксиозноста или очекуваат друг да ги води по нивниот пат.

5. Немаат потреба да се истакнат пред светот

Жените со самодоверба немаат потреба да му покажат на светот колку се големи. Тоа го прават само несигурните луѓе кои чувствуваат дека се недостојни и имаат потреба јавно да ги покажат своите достигнувања. Но, жената којашто ги открива своите особини постепено и внимателно е значително попривлечна од жената којашто одеднаш покажува сѐ.

10 работи коишто жените со самодоверба ги прават различно во врската

6. Жените со самодоверба прифаќаат одговорност

Овие жени не ги обвинуваат своите партнери дека се виновни за начинот на кој тие се чувствуваат. Тие сфаќаат дека нивното време е и нивна одговорност, па ја преземаат одговорноста за својот избор во свои раце, а во меѓувреме учат од грешките.

7. Ја прифаќаат врската онаква каква што е

Жените со самодоверба се чувствуваат сигурни во нивната врска. Ним не им е потребен прстен за да им се докаже дека некој се грижи за нив. Ова не значи дека би останале со некој со кој не се чувствуваат удобно, напротив, доколку сфатат дека работите не се во ред, тие ќе си заминат, притоа не грижејќи се за она што го зборуваат другите.

8. Не остануваат во лоши врски

Жените со самодоверба не остануваат во врски каде што не се чувствуваат почитувани, исполнети и ценети. Тие може да проценат кога ситуацијата е штетна и не се плашат да раскинат, бидејќи чувствуваат дека заслужуваат повеќе.

9. Не бараат очајно сигурност

Личностите со висока самодоверба знаат дека се вредни и достојни за сакање и не им треба секојдневно потсетување. Исто така не им е потребна постојана утеха доколку не го добијат посакуваното, затоа што веруваат во своите вредности, па имаат сила да продолжат понатаму.

10. Избираат мудро

Кога избираат партнер за себе, жените со самодоверба го користат и срцето и разумот. Тие се во состојба бргу да проценат дали некоја личност е емоционално здрава за да им го пружи она што го бараат. Личноста со самодоверба ќе привлече друга личност со самодоверба.

Бидете она што сте и ќе бидете привлечни и за останатите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар