10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

Едно е сигурно: Нема да најдете попосветена и понесебична личност од онаа која работи како учител! Тоа значи дека професорите се одличен избор ако барате сериозна врска или животен партнер. Но, пред да започнете врска со човек кој предава, постојат неколку работи кои треба да ги знаете. Ова се 10-те нешта што треба да ги имате предвид пред да се вљубите во професор или професорка…

10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

1. Не зборувајте за училиште за време на викендот или во текот на летото

За време на празниците и одморите како што се продолжените викенди, зимските, пролетните и летните одмори, немојте да почнувате разговори поврзани со училиште освен ако професорите не почнат да зборуваат први на таа тема. Ним им требаат тие одмори за да се ослободат од стресот со кој секојдневно се соочуваат. Тие мораат да се справуваат со стотици различни карактери секој ден и тоа не е воопшто лесно. Покажете ја вашата почит и разбирање со тоа што ќе им дозволите да одморат.

2. Вие бидете задолжени за донесувањето одлуки во петок навечер

Кога конечно ќе дојде крајот на неделата и професорите ќе завршат со часови, тие воопшто не се способни одлучуваат. Во текот на неделата тие се соочуваат со носење најразлични одлуки, почнувајќи од тоа како ќе го организираат часот, па сѐ до тоа како да се справат со однесувањето на некој проблематичен ученик. Токму затоа, во петок вие преземете ја одговорноста за планирање на вечерта. Нарачајте го нивното омилено јадење и одберете го филмот што знаете дека го обожаваат.

3. Немојте да правите планови во недела навечер

Неделата е ден за релаксација и полнење на батериите пред почетокот на новата работна недела. Не и за професорите! Тие ја користат неделата за проверување тестови и организирање часови. Да, тие го прават тоа додека сите други луѓе маратонски си ги гледаат омилените серии. Па така, ако сте направиле планови за недела попладне, подобро е да ги откажете, бидејќи тоа нема да им одговара на вашите сакани.

10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

4. Немојте да ги осудувате поради тоа што постојано трошат пари на листови во боја и боички

На учениците секогаш им недостасува нешто: Си ја заборавиле тетратката дома, немаат боички, немаат листови, немаат ножици, лепило итн. Токму затоа, професорите секогаш треба да носат резерва од сите овие работи за секој случај. А овие предмети се од оние што земјата ги проголтува и магично се губат засекогаш. Немојте да ги осудувате вашите сакани ако постојано трошат пари на училиштен прибор. Наместо тоа, ако сакате да ги израдувате, купете цел пакет лепила и моливи и верувајте дека многу ќе им помогнете.

5. Подгответе се да слушате лекции по математика и историја додека вечерате

Простете им поради лекциите за време на вечерата. Тие едноставно не можат да се воздржат, особено ако одржале прекрасен час и имаат потреба да ви го прераскажат до најситни детали. Не мора да ги слушате. Само одвреме-навреме климајте со главата.

6. Сфатете дека ќе мора да го делите партнерот или партнерката со учениците

Професорите се по природа несебични луѓе и тие постојано даваат сѐ од себе за да им помогнат на нивните ученици и колегите. Ако се блиски со учениците, тие сигурно ќе им се јавуваат и после часовите за да им поставуваат прашања во врска со домашната или тестот што треба да го прават. Тоа можеби ќе ви оди на нерви, но немојте да ги принудувате да изберат меѓу нивната желба да помогнат и вашата љубов. Нивното срце е доволно големо за сите луѓе во нивниот живот.

7. Слушајте ги кога ќе ви зборуваат за ужасните родителски средби на кои треба да присуствуваат

Професорите се под голем притисок на училиште. Тие не само што си имаат работа со разгалени деца, туку треба да се справат и со нивните напорни родители, со нечувствителните директори и љубоморните колеги. Кога ќе ви ги кажат сите овие проблеми и ќе посакаат да се откажат, само сослушајте ги внимателно, пружете им поддршка и понудете ја вашата помош. На тој начин ќе им помогнете да се ослободат од стресот и да ја најдат потребната мотивација за да продолжат понатаму.

10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во професор или професорка

8. Нема потреба да им кажувате дека изгледаат уморно. Тие се многу уморни секој ден од неделата

Немојте го нагласувате тоа што вашите сакани изгледаат поспано. Ако професорите изгледаат уморно во понеделник, постои голема веројатност дека тие ја поминале неделната вечер подготвувајќи се за претстојната недела и оценувајќи тестови.

9. Навикнете се на тоа дека кога ќе кажат „моите деца“ мислат на нивните ученици

Познато е тоа дека професорите им се како втори мајки и татковци на учениците. Па затоа и тие почнуваат да ги чувствуваат нив како родени деца. Немојте да се изненадувате ако кажат „Знаеш што направи едно од моиве деца денес? Го скрши прозорецот!“. Тоа не значи дека тие имаат вонбрачно дете, туку дека мислат на нивен ученик.

10. Помогнете им да се опуштат на крајот од денот

Професорите работат непрестајно во текот на целиот ден. Тие носат по илјада одлуки дневно. Но, тие исто така имаат и многу одговорности и обврски. Тие понекогаш ја преземаат улогата на доктори, родители, психолози и водачи и сето тоа може да се случи во само еден ден! Тие постојано даваат. Токму затоа, треба да им помогнете да се опуштат. Подгответе им го омиленото јадење, помогнете им со некоја домашна обврска што тие не стигнале да ја завршат. Овие ситници ќе им дозволат да си ги наполнат батериите и да ја соберат потребната енергија за утрешниот напорен ден.

Љубовната врска со овие луѓе може да биде навистина прекрасна ако имате доволно разбирање и почит кон нивната професија. Тие ќе го ценат вашето внимание и ќе знаат како да ви возвратат на вистински начин.

Доколку вие се занимавате со оваа професија, прочитајте какви професори сакаат студентите и учениците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар