10 работи што треба да ги знаете ако сте жртва на токсични семејни односи
Семејството би требало да биде наш рај во кој ја добиваме целата потребна среќа и сигурност, но сепак понекогаш тоа е место на кое ја наоѓаме и најголемата болка. Како тогаш да се носиме со нашите чувства, обврски, збунетост, предавство? Нема да биде лесно, но решение мора да постои. Ви претставуваме 10 работи кои мора да ги знаете доколку вашите семејни односи се влошени.
1. Личноста не мора да биде злобна за да не биде добра за вас
Не сите злобни и токсични односи се намерно предизвикани. Некои од нив вклучуваат луѓе на кои им е грижа за вас, луѓе кои имаат добри намери, но се токсични поради нивните потреби и начини на кои живеат и тоа негативно влијае врз вас и вашата среќа. Колку и да е тешко, мора да се оддалечите од нив доволно за да можете да си дадете простор за нормален живот. Не можете да се уништувате секој ден поради некој друг. Вашата добросостојба треба да ви биде на прво место.
2. Криење зад пасивна агресија – омилена активност на токсичните луѓе
Пасивното агресивно однесување има многу облици, но може да се опише како невербална агресија со негативно однесување. Наместо отворено изразување на чувствата, личноста прави суптилни и вознемирувачки гестови насочени кон вас. Не кажува што ја вознемирува туку изнаоѓа начини за да ве повредува сè додека не ве вознемири. Тоа е очигледно токсичен однос. Тој покажува дека личноста не разговара отворено и јасно со вас.
Луѓето нема да чувствуваат потреба да се кријат зад пасивната агресија доколку чувствуваат дека не се осудувани или критикувани поради нивното изразување. Затоа на членовите на вашето семејство треба да им дадете до знаење дека ги прифаќате онакви какви што се и не мораат да се согласат со вашите идеи и мислења, но дека би сакале да имате нивна поддршка. Ако им значите, ќе се отворат кон вас целосно или барем делумно. Доколку одбијат и продолжат со пасивната агресија, можеби нема да имате друг избор отколку да се повлечете.
3. Обид за злоупотреба и паѓање под нивно влијание со ваша дозвола
Често се слуша за злоупотребата во училиштата, но ова малтретирање најмногу го има помеѓу членовите на едно семејство. Тоа не е исправно! Нема слобода на земјава што на некој му дава право да напаѓа друга личност. Тажно, но некои луѓе едноставно нема да се среќни додека не згазат некого. Не им ја давајте таа слобода! Никој нема моќ над вас сè додека вие не му ја дадете. Потребна е голема храброст да им се спротивставите на непријателите, но истото е и со членовите на семејството и пријателите. Па, доколку е потребно – спротивставете се. Направете сè што е потребно за да си дадете прилика да бидете тоа што сте во суштина.
4. Преправање дека токсичното однесување е нормално – не е во ред!
Ако не сте внимателни, токсичните членови на семејството можат да го искористат нивното искривено однесување како поволен услов. Понекогаш ви се чини дека е полесно да ги смирите отколку да го слушате нивното приговарање. Но, не се залажувајте. Краткотрајното лесно решение нема да ви помогне на долг рок. Токсичните луѓе не се менуваат ако се наградени за нивното однесување.
Сега, во овој момент, одлучете да не бидете под влијание на таквото однесување. Престанете да се извинувате за нивното насилство! Нема цел да се биде под постојана негативност. Ако некој во вашето семејство на возраст од над 20 години не може да биде разумен, сигурен и полн со почит, време е да станете и јасно да ја заземете вашата положба.
5. Не смеете да се запоставувате поради тоа што тие го прават тоа
Вежбајте, грижете се за себеси секојдневно. Доколку сте присилени да живеете или да работите со токсична личност, тогаш погрижете се да имате доволно време за одмор и да ја вратите силата. Контактот со токсична личност изморува и исцрпува, а за тој отров да не ве совлада треба да си дадете време за одмор. Токсичните луѓе често не знаат зошто се чувствуваат на одреден начин бидејќи не можат да видат подалеку од нивните емоционални потреби, само продолжуваат неуморно да трујат преку комуникација и влијание.
Бидејќи вие не можете да ги контролирате, важно е да се погрижите за себеси за да воспоставите баланс, да се чувствувате здраво и подготвено за позитивно живеење. Затоа е добро да имате некоја секојдневна медитативна пракса, молитва или телесни вежби што создаваат чуда.
6. Ако токсичното влијание стане физичко – тоа е правно прашање што треба да се реши
Доколку сте доживеале искажување на бес или физичко малтретирање, а сте се обиделе да го решите на смирен начин, па дури и сте го простиле, но повторно сте го доживеале или доколку сте потрошиле години во трудење, верба и љубов, а сте знаеле дека нема да ви биде возвратено – вие сте херој! Но, сега е време да одите чекор понатаму. Кога е доста, доста е! Ако некој ве малтретира физички, го крши законот и треба да одговара за последиците од своите постапки.
7. Тешко е, но немојте да го сфаќате нивното токсично однесување лично
Тие се виновни, не вие. Токсичните членови на семејството ќе се обидат да ви нафрлат вина дека вие сте направиле нешто лошо. Тоа чувство на вина многу лесно може да се јави кај повеќето, дури и самата помисла дека сте направиле нешто неправилно може да ве повреди и да ја промени вашата одлучност. Не дозволувајте ова да се случи. Потсетете се, постои голема количина на слобода со која располагате кога не сфаќате ништо лично. Повеќето токсични луѓе не се однесуваат негативно само кон вас, туку кон сите со кои се во контакт. Нивните мислења и однесување се темелат на нивните сфаќања.
8. Ако ги мразите поради нивната токсичност – само ја зголемувате вашата
Ганди еднаш рекол: „Око за око само ќе го ослепи целиот свет“. Без оглед колку грдо влијаел одреден член од семејството, никогаш не дозволувајте омразата да влезе во вашето срце. Ако се борите против омразата со омраза тоа само ќе ви нанесе повеќе бол. Кога ќе одлучите некого да мразите, автоматски така се копаат два гроба, еден за вашиот непријател и еден за вас.
9. Луѓето можат да се променат и некои токсични односи можат да се променат
Кога ќе се изгуби довербата, што во секое семејство се случува на моменти, многу е важно да се знае дека тоа може да се поправи доколку двете страни се желни да почнат со работа на себе. Кога ќе помислите дека цврстиот темел на вашиот однос се распаднал, се јавува прилика да се промени начинот на размислување и однесување од двете страни. Станува збор за болна работа и време, но природно ќе посакате да заминете од сè и сешто ако мислите дека довербата не може да се обнови. Кога ќе сфатите дека довербата и расте и паѓа како што минува животот, ќе ви биде полесно да пронајдете сила за да издржите и да се промените заедно.
10. За жал, понекогаш сè што можете е да заборавите на тој однос засекогаш
Сепак се работи за вашиот живот. Не можете да контролирате никого, но можете да одлучите да свртите нов лист. Сами одлучувате покрај кого ќе живеете, а кого ќе оставите зад вас. Во совршениот свет секогаш би можеле да се поправат односите со токсичните членови од семејството, но како што знаете сами, светот не е совршен. Вложете труд и направете сè што може да се направи, но не се плашете да го завршите тој однос и да го направите тоа што е најисправно.
Дознајте и на кои 10 начини можете да ја зацврстите љубовта во вашето семејство.