10 работи што сингл луѓето можат да ги научат од Адам и Ева

10 работи што сингл луѓето можат да ги научат од Адам и Ева

Сите сме чуле за Адам и Ева, но што всушност знаеме за нив? Дали станува збор за љубовна приказна или само за библиска сказна чија цел е да ги одреди улогите на мажите и жените за наредните илјадници години? Писателот Брус Фајлер ги разјаснува сите сомнежи во неговата книга „Првата љубовна приказна: Адам, Ева и ние“ (The First Love Story: Adam, Eve, and Us). Според него, Адам и Ева биле дефинитивно вљубени еден во друг.

10 работи што сингл луѓето можат да ги научат од Адам и Ева

Фајлер ги поминал речиси сите континенти за да собере информации од експерти за Адам и Ева и да дознае како се поврзани со современата религија, половата припадност и сексуалноста. Фајлер заклучил дека нивната приказна е од големо значење и во денешно време. Па, што би можеле да научат сингл луѓето од најпознатиот пар на светот? Во продолжение, дознајте го одговорот на ова прашање…

1. Нормално е да не сакатe да бидете сами

Во Библијата, пред Адам и Ева да го започнат животот на Земјата, Бог кажал: „Не е добро човек да биде сам“. Без разлика дали верувате во христијанскиот Господ или не, човечки е да се има потреба од друштво и не треба да се чувствувате виновни поради тоа.

„Според модерната психологија, најголемата закана за благосостојбата е изолацијата и оттуѓеноста. За живите луѓе многу е важно да се поврзат со друга личност“, напишал Фајлер.

2. Очекувајте да налетате на потешкотии во љубовта, не бидете изненадени кога ќе се случи тоа

Луѓето честопати имаат погрешно сфаќање за љубовта меѓу Адам и Ева, бидејќи се верува дека нивната приказна завршила откако биле избркани од градината во Еден. Дури по појавата на Книгата на Постанокот дознаваме дека проблемите на љубовниот пар биле поголеми од некое си забрането овошје. Но, сепак тие успеале да останат заедно.

„Честопати мислиме дека Адам и Ева не биле вљубени, бидејќи погрешно го дефинираме поимот љубов. Мислиме дека љубовта е постојано освојување како што се прикажува на филмовите, но потоа сме изненадени кога ќе ја снема. Љубовта е долг процес на прилагодување и надминување предизвици. Ако сте сингл и барате љубов која ќе биде успешна и ќе трае, запаметете ја следнава дефиниција: Дефинирајте го тоа што сакате да го постигнете и очекувајте дека љубовта ќе биде борба, бидејќи токму таква треба да биде“, објаснил Фајлер.

3. Може да се случи љубов на прв поглед, но понекогаш најпрво треба да имате перспектива

Адам и Ева се првите вљубени кои доживеале љубов на прв поглед.

„Адам заспал, бил осамен, Господ земал дел од неговото тело и ја направил Ева. Адам ја погледнал Ева и веднаш си рекол ’Таа е вистинската’“, изјавил Фајлер.

Но, без разлика колку слатко и романтично е првото запознавање, Адам не знаел веднаш дека засекогаш ќе остане со Ева и покрај тоа што бил единствениот маж на Земјата.

4. Машко-женските улоги отсекогаш ги комплицирале очекувањата

Научниците кои се занимаваат со социјална психологија велат дека мажите и жените се заљубуваат на различен начин, а тоа може да се забележи и во приказната за љубовната двојка од градината во Еден. Иако Адам бил осамен и копнеел по друштво, Ева не му возвратила веднаш само затоа што буквално немала никакви други опции.

„Адам се водел од неговиот инстинкт, но на жените како Ева им треба повеќе време. Мора да признаеме дека Библијата била во право за ова“, вели Фајлер.

10 работи што сингл луѓето можат да ги научат од Адам и Ева

5. Здравите врски можат да го надминат сомнежот

Што е тоа што ја поттикнало Ева да го осуди целото човештво на пропаст?

„Секој човек сака да биде свој во врската и да постигне рамнотежа меѓу зависноста и меѓузависноста. Кога Ева ќе сфати дека не е среќна затоа што не сака да му биде потчинета на Адам, тоа ја поттикнува да отиде во градината сама и да го изеде овошјето. Таа си го мислела следново ’Ако јас сум само украс за него, оваа врска нема да успее. Сакам да имам глас и знаење’. Мислам дека ова е моќна лекција за сите луѓе кои не сакаат да си го изгубат идентитетот во врската“, објаснил Фајлер.

6. Немојте да ги мешате поимите козависност и компромис

Убавината на долгата и издржлива врска меѓу Адам и Ева (тие останале заедно до смртта на Адам на возраст од 930 години) е тоа што тие одбрале да бидат зависни еден од друг. Откако Ева го земала овошјето таа можела да го задржи само за себе, но не сакала да остане целосно сама и затоа се вратила кај Адам.

„Адам знаел дека е погрешно да го изеде овошјето, но се запрашал: ’Дали да одберам обврска и должност или партнерство?’ Според мене, најромантичниот момент во историјата е кога и Адам ќе изеде од овошјето“, признал Фајлер.

7. Љубовните врски се напишани од страна на двајца луѓе кои се заедно

Не само што судбината на Адам и Ева може да се нарече како првата љубовна врска, туку тие се претставници и на првото заедништво.

„Најважното нешто што го имам научено е дека љубовта е приказна што ја раскажуваме заедно со некого. Тоа го нарекувам заедничко создавање преку заедничка нарација. Тука има среќни и тажни моменти, но сите тие ги испреплетуваме во една приказна што ја раскажуваме заедно“, напишал Фајлер.

На некој начин, Адам и Ева ги поставуваат стандардите на еднаквост помеѓу партнерите во врската. За жал, гледиштето на Адам го потценува гледиштето на Ева во популарната култура, а тоа нѐ доведува до следната точка.

8. Адам и Ева не треба да се дефинираат според нивниот пол

Најголемиот проблем кај Адам и Ева е што нивната приказна вели дека на жените не може да им се верува. „Ужината“ на Ева е причината за тоа што парот бил избркан од Рајската градина, но Фајлер нагласува дека не треба оваа одлука да ја поистоветуваме со полот на Ева.

„Ева е жртва на најголемото убиство на лик што се случило некогаш во светот. Таа не е инфериорна, тие биле создадени еднакви. Мажите и жените се еднакви и нејзината одлука нема никаква врска со нејзиниот пол“, потенцирал Фајлер.

10 работи што сингл луѓето можат да ги научат од Адам и Ева

9. Паузата не води секогаш до раскинување

Откако ја напуштиле Рајската градина, Адам и Ева имале деца кои биле причинители на најголемиот грев – братоубиство (Каин го убива Авел). Што направиле Адам и Ева потоа? Се разделиле на кратко и потоа повторно биле заедно и имале уште еден син, Сит. Тие останале заедно без оглед на сѐ.

„Кризите, болките и проблемите можеле да ѝ стават крај на приказната, но во тој случај не би се работело за љубов. Љубов е кога нема да сопрете само затоа што сте наишле на пречка, туку кога ќе го напишете проблемот во приказната за вашата врска. Треба да научите како да простите и да ги надминете проблемите“, советува Фајлер.

10. Замислете си дека почнувате од празен лист

Адам и Ева се сакаат, но дали си се допаѓаат еден на друг? Тоа не било нагласено кога ја пишувале приказната. Исто така, тие немаат пример за да видат како изгледа или како би требало да изгледа љубовта. Адам и Ева немаат предци кои биле вљубени претходно и затоа не можат да ги имитираат туѓите искуства.

„Тие не можат да ги украдат туѓите љубовни зборови и танци на романтични песни. Тие мора сами да си ја напишат приказната. Тие мора да смислат што значи да се биде во врска“, напишал Фајлер.

Дури и да не сте религиозни сигурни сме дека ја знаете приказната за Адам и Ева. Без разлика дали верувате во неа или неа, тоа не треба да ве спречи да научите нешто од првата љубовна двојка. Применете ги овие совети и обидете се да дадете сѐ од себе за да успее вашата наредна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар