10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебе
6. Браник и украси за креветче
Она што некогаш било најбарано во продавниците денес е навистина непотребно. Овие додатоци на креветите се појавиле кога здружение на педијатари препорачало бебињата да спијат без ќебиња. Иако изгледаат слатко, навистина нема потреба од нив.
7. Кадифени играчки
Можеби си го имате замислено детското креветче полно со играчки. Но за жал не е безбедно бебето да спие во креветче во кое има играчки или што било друго. Освен бебето и добро наместениот чаршаф, во креветчето не треба да има ништо друго.
8. Складирач на пелени
Иако целта на оваа направа е да го олесни менувањето на пелените, не секогаш успева во тоа. Потребно е секогаш да ги вадите пелените од пакувањето и да ги редите во складирачот, а тоа само ви одзема време. Можеби оваа направа не е толку бескорисна како другите, но голема е веројатноста дека ќе ја користите многу ретко.
9. Чевли
Нема ништо послатко од мали чевлиња направени за новороденчиња. Но, тие се навистина бескорисни. Чевлите се направени за одење, а новороденчињата воопшто не го прават тоа. Покрај тоа, малечките се професионалци кога станува збор за соблекување на чевлите и речиси никогаш нема да бидат на нив.
10. Држач за глава за автомобилско столче
Ако сте вложиле во квалитетно седиште за во автомобилот, нема потреба да давате повеќе пари и за држач за главата. Можеби изгледаат како добра идеја, но истражувањата покажале дека овие држачи не ја зголемуваат безбедноста на детето.
Погледнете и кои се задолжителните работи што мора да ги имате дома откако ќе се породите.