10 работи што нема потреба да ги купувате за новото бебе
За родителите кои очекуваат бебе, особено ако им е прво, купувањето на потребните работи може да биде вистински предизвик. Од декорации на собата, до играчки и облека, изборот е навистина огромен. Но дали навистина ви се потребни сите тие работи? Дури и ако ги купите само основните нешта, знаете дека ќе треба да потрошите многу пари. За да заштедите, погледнете кои се работите што воопшто нема потреба да ги купувате.
1. Загревач на шамичиња
Овој апарат е навистина непотребен, најмногу бидејќи не е пренослив. Иако можеби имате одредено место на кое ќе го пресоблекувате вашето дете, голема е веројатноста најчесто да го пресоблекувате на друго место.
2. Загревач на шишиња
Ако го храните детето со шише, сигурно мислите дека ви е потреба посебна направа за загревање. Но нема потреба од ова. Едноставно ставете го шишето во топла вода и ќе имате топло млеко за брзо време. Слободно прескокнете ја оваа прескапа направа.
3. Загревач за шише за автомобил и полнач за пумпа за гради
Голема е веројатноста никогаш да не ги употребите овие нешта. Немате потреба од нив освен ако не патувате често или доите додека сте надвор од дома.
4. Скапи помагала за готвење
Можеби овие кујнски помагала изгледаат навистина неверојатно. Сигурно сакате да ја подготвувате храната на вашето дете во квалитетни садови. Но, штом ќе ја видите цената сигурно ќе се замислите дали навистина има потреба од тоа. Вистината е дека можете да ја готвите храната на бебето во досегашните садови и на крај да ја смелете во обичен блендер.
5. Креветчиња
Во некои продавници ќе најдете неколку различни креветчиња за бебиња. Ако станува збор за големо семејство и сакате вашето бебе да има каде да спие во куќата на бабата и дедото, можеби треба да купите уште едно креветче. Но, најчесто нема потреба за ова. Доволно е креветчето во вашиот дом.
Продолжува на следната страница…