10 работи коишто никогаш не смеете да ги фрлате во WC школката

10 работи коишто никогаш не смеете да ги фрлате во WC школката

Иако звучи логично, ќе се изненадите што сè луѓето не треба да фрлаат во WC школката. За да заштедите пари, но и да ја заштитите природата, овде ви прикажуваме листа од 10 работи коишто никогаш не би требало да ги фрлате во WC школката.

10 raboti koishto nikogash ne smeete da gi frlate vo WC shkolkata (1)

1. Конец за заби

Конецот за чистење заби не се разградува во водата и затоа може да ви направи проблем. Конецот може да остане во одводните цевки, а големата количина на конци може да се заплете и брзо да го затне одводот.

2. Масло

Иако маслото е течно, на ниски температури тоа станува погусто и се таложи по цевките, особено по закривените. Со текот на времето отворот станува сè потесен и потесен, а резултатот од тоа сигурно ви е јасен.

3. Фластер

Повеќето фластери се направени од пластика којашто не е биоразградлива и токму поради тоа ја загадуваат околината, но исто така тие може да се заглават во цевките и да предизвикаат затнување на одводот.

4. Лекови

Иако се растопуваат во вода, таблетите ја загадуваат водата, а пак канализациските филтри не можат таквите хемикалии да ги издвојат од отпадните води, па затоа бидете паметни и одговорни.

5. Влажни марамчиња

Влажните марамчиња не се од ист состав како хартиените. Тие не можат да се разградат, па може да останат во цевките и да предизвикаат затнување на одводот.

6. Хартиени крпи

Иако се од хартија, баш како и тоалетната хартија, хартиените крпи се направени да траат, односно да не се распаѓаат толку лесно. Баш затоа тие се едни од најбрзите и најчестите предизвикувачи на затнат одвод.

7. Хигиенски влошки и тампони

Постои многу добра причина зошто на вратите на тоалетите во рестораните стои натпис „Тампоните и влошките фрлајте ги во кантата за ѓубре“. Овие хигиенски помагала можат да впијат голема количина течности поради што може да се прошират толку многу што би го затнале одводот.

8. Чепкалки за уши и памукчиња за чистење лице

Овие две хигиенски помагала не се биоразградливи и исто така може да се заглават во цевките, а памукот од течноста може да го зголеми својот волумен за 3 до 5 пати. Доволно е да го знаете ова за да ги фрлате во кантата за ѓубре.

9. Отпушоци од цигари

Филтерот на цигарите е направен од сунѓерест материјал којшто ја впива влагата и го зголемува својот волумен, а и тој исто така не може да се разградува. Нека ова ви биде доволна причина никогаш повеќе отпушоците да не ги фрлате во WC школката.

10. Коса и влакна

Иако доаѓа од нашето тело, тоа не значи дека местото им е во одводот. Влакната се тенки и не се разградуваат во водата, а повеќе влакна заедно лесно се заплеткуваат. Ова претставува еден од најчестите начини за затнување на одводот во едно домаќинство. Истото важи и за влакната од вашите домашни миленици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар