10 работи кои вашиот партнер треба да ги знае за вас пред да започнете да живеете заедно
Заедничкиот живот во филмовите или во вашата фантазија секогаш изгледа совршено. Тој е љубовта на вашиот живот, а вие на неговиот, совршено се согласувате и на крајот логично, остарувате заедно. Тука нема место за несогласувања, вашите не толку сјајни изданија, вашите ситни маани и моменти на лудило – тука е сè како во бајка. Но, свесни сте дека во реалниот живот работите не функционираат секогаш онака како што ќе ги замислите. Затоа, пред да започнете да живеете заедно со вашиот партнер, обидете се тој да ги дознае овие работи за вас.
1. Тој мора да знае дали сте ранобудник или ноќна птица
Како што и вие треба да знаете за него. Бидејќи, што ќе правите доколку тој се буди во 5 часот наутро за да трча, а вие постојано си легнувате во 3 часот по полноќ? Секако, ова не е нешто кое треба да влијае на вашата врска, но би требало да склопите некој вид договор за почитување на вашите животните навики.
2. Тој мора да ги знае вашите навики кога е хигиената во прашање
И обратно. Сигурно нема да ви биде слатко постојано да одите по него и да го чистите нередот што го остава, како што и нему нема да му биде забавно да има неуредна девојка. И во оваа ситуација е важно да направите договор и да смислите правила кои ќе им одговараат на двете страни.
3. Тој мора да знае каков е вашиот став за домашните миленици
Сакате мачки, а тој не? Тој обожава кучиња, а вие не? Па, ако некој од вас планира да донесе домашен миленик ќе мора да се направи некој договор. Можеби ќе можете да пронајдете некое животно кое и двајцата го сакате.
4. Тој мора да го знае вашиот став за бебињата
Мора да знае што вие мислите за основање на семејство и како го доживувате тоа.
5. Тој мора да знае колку личен простор ви е потребен
Ако досега сте живееле сами, најверојатно имате некое ваши рутини кои сакате да ги задржите и откако ќе започнете да живеете заедно. Тој, исто така, сигурно има некои моменти кога сака да биде сам, без вас, иако ве сака најмногу на свет.
6. Тој мора да знае како трошите пари
Кога живеете заедно, вие и ќе трошите заедно. Мора да се договорите околу тоа на кој начин ќе трошите, како ќе ги делите парите и слично. Здодевно е, но е неопходно за безгрижен живот.
7. Тој мора да знае дали сакате да имате секс еднаш дневно, неделно, месечно или на секој час
Ова можеби ви звучи смешно, но не е. Навистина треба да имате некој „договор“ за да знаете што да очекувате. Не го исклучуваме спонтаниот секс, но можеби вие ќе очекувате повеќе сега кога живеете заедно, а тој да продолжува по старо.
8. Тој мора да знае како се чувствувате за гостите
Некој едноставно не сака гости. Некој би правел журки во својот дом секој ден, по цел ден. Пронајдете златна средина доколку се разликувате на оваа тема.
9. Тој мора да знае што очекувате од заедничкиот живот
Заедничкиот живот треба да значи нов чекор во вашата врска, а не да станете цимери, зар не? Разговарајте за ова искрено и отворено.
10. Тој мора да ги знае вашите планови за во иднина
И вие неговите, секако. А, ова се потпира на претходното. Разговарајте за тоа што значи овој чекор за вас и што понатаму. Така ќе знаете навистина на што сте и дали е паметно да го направите овој чекор.
Доколку сѐ уште размислувате дали да започнете да живеете заедно со вашиот партнер, ние ви даваме 20 причини да го направите тоа.