10 работи кои вашата вагина се обидува да ви ги каже. Кога само почесто би ја слушале...

10 работи кои вашата вагина се обидува да ви ги каже. Кога само почесто би ја слушале…

Иако вагината е дел од вашето тело, таа си ја гледа својата работа во која е многу самостојна. Таа знае како да се заштити, како самата да се исчисти, да се излечи, но најважно, вагината ќе ви каже кога нешто не е во ред со остатокот од вашето тело.

10-raboti-koi-vashata-vagina-se-obiduva-da-vi-gi-kazhe-koga-samo-pochesto-bi-ja-slushale-kafepauza.mk

Бидејќи вашата вагина има свои начини на кои ве известува што се случува со вашето тело, би требало да ја слушате што има да ви каже. Ова се 10 нешта кои би требало да ги слушате кога таа ви „зборува“.

1. Си јадела кромид

Ако не можете да се сетите што сте јаделе за вечера минатата ноќ, едно помирисување на вагината може да ви каже сè што сте сакале да знаете. Она што го јадете има големо влијание на миризбата на вашата вагина. Храната како аспарагус, кромид, црвено месо и брокула прави вашата вагина да мириса посилно од вообичаено, во споредба со јогуртот, овошјето, дивите житарици кои ја одржуваат нормалната pH вредност на вашата вагина.

Иако вашата мокрача може да се врати во нормала после неколку празнења, после јадењето аспарагус, на вашата вагина може да ѝ треба повеќе време, што е нормално.

2. Бремена си

Најпознатите знаци за бременост се изостанувањето на менструацијата и наглото натекување на градите. Но, вагината открива повеќе од недоаѓањето на месечниот циклус со цел да ви укаже на бременост. Тогаш таа произведува многу повеќе леукореја (вагинален секрет кој понекогаш го забележувате на гаќичките), бидејќи нивото на естроген се зголемува кога сте бремени.

Исто така, тогаш многу повеќе сте склони на габични инфекции заради сиот тој естроген.

3. Под стрес си

Стресот не се одразува само на вашата психичка состојба, туку и на вашата вагина, која под негово влијание станува сува и многу поподложна на габични инфекции. Кога нашите тела страдаат како резултат на нерамнотежа, лактобактеријата не успева да ја спречи кандидата во прекумерното растење, оставајќи ви симптоми на чешање, миризба и засирување.

4. Имаш инфекција

Вашата вагина самата се труди да го зачува вашето здравје, па кога и да имате инфекција, таа ќе ви даде голем знак во вид на болка или секрет.

Миризбата на риба во комбинација со жолта, зелена или сива боја е скоро сигурна индикација дека имате вагиноза, што лесно се третира со антибиотик.

Доколку секретот е во вид на урда и е проследен со вагинално чешање, надворешно и внатрешно, значи дека веројатно имате габична инфекција.

Пенест вагинален секрет кој мириса на расипани јајца многу веројатно е знак на трихомонијаза.

Ако имате ваков секрет, вашата вагина ви кажува дека треба да одите на доктор, веднаш!

5. Овулираш

Кога жената овулира, таа има 30 пати повеќе вагинален секрет од кој било друг момент во месецот. Ова значи дека зголемена е влажноста на вагината, што и се гледа и се чувствува.

6. Требаше да употребиш кондом

Чудна миризба? Секрет каков што не сте имале претходно? Необјаснива болка или печење? Вагинални плускавци, отоци и нешто што личи на карфиол? Да, вагината овој пат ви се дере да одите на гинеколог.

7. Ќе добиеш

Пред да добиете, вагиналниот секрет станува многу пообемен. Ова всушност се смета за прв ден од вашиот циклус, иако сè уште не крварите. Во ова време вагината почнува да боли и станува посензитивна одошто кој било друг период од месецот.

8. Возбудена си

Кога сте возбудени, вашата вагина обично го знае тоа пред да дознае вашиот мозок. Зависно од интензитетот на возбудата може да почувствувате нежно скокоткање на вашата вагина, зголемување на протокот на крв во тој дел и жива вода препони полни со вагинален секрет кој ве подготвува за сексуален однос.

9. Си претерала со јаглехидратите

Не само што не се пријатели на диетите за слабеење, јаглехидратите не се добри ни за вагината. Пица, тестенини, колачи, пецива, торта, алкохол – всушност сè што е убаво во животот – има доволно шеќер за да ја подложи вашата вагина на габична инфекција. Сите тие слатки деликатеси го подигнуваат нивото на гликоза што ѝ дозволува на кандидата да се закачи за вашите вагинални клетки и да не ги пушти.

Исто така ослабениот имунолошки систем што може да резултира со зголемено внесување на јаглехидрати, може да биде ризик за фаќање габична инфекција.

10. Доживуваш оргазам

Кога надоаѓа оргазмот, работите почнуваат да се движат таму внатре. Не се само ѕидовите на матката, туку и вагината и анусот. Можете да го почувствувате притисокот кој се насобира во вашата вагина како што карлицата се подготвува да ја направи својата работа. Штом го доживеете врвот, сето треперење во внатрешноста преминува во праволиниски контракции како што вашите вагинални мускули се стегаат и отпуштаат.

Ако го искусите тоа, во комбинација со пријатен излив кој го обзема целото ваше тело и вагинално скокоткање, големи се шансите дека штотуку сте доживеале оргазам. Колку фино од вашата вагина што ви го кажа тоа, нели?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар