10 работи кои сигурно ќе се случат ако премногу го критикувате партнерот

10 работи кои сигурно ќе се случат ако премногу го критикувате партнерот

Конструктивната и добронамерна критика е пожелна затоа што советува и информира, но ако претерате со критиките тоа може да почне да ви ги разјадува односите со другите. Истото важи и за врската со вашиот партнер. Почнете ли да го/ја критикувате за сè и сешто, неизбежно е да се случат овие десет работи и значително да ви се наруши односот.

10 работи што сигурно ќе се случат ако премногу го критикувате партнерот

1. Ќе почне да крие некои нешта од вас

Ако очекува да одговорите негативно на секој негов/нејзин потег, сигурно ќе почне да крие некои тајни од вас. Тој/таа ќе почне да прави нешта за кои вие нема да знаете и тоа по ваша вина, а истовремено ќе пропуштите шанса повеќе да се зближите и само ќе се оддалечувате еден од друг.

2. Тајно ќе биде огорчен/а од вас

Нема тоа јасно да го искажува, но сигурно ќе биде огорчен/а поради вашето негативно однесување. Нема да знаете за тоа сè додека не го покаже кога најмалку очекувате и најмалку посакувате.

3. Нема да ви дозволи ниту вие да правите грешки

Ако критикувате, тоа значи дека вие обично не правите таква грешка. Кога партнерот е критикуван од ваша страна, тој/таа на вас почнува да гледа како на некого кој знае да ги среди работите како што треба и не прави грешки. Партнерот потоа ќе реагира на ист начин како вас кога вие ќе направите некоја слична грешка.

(2) 10 работи што сигурно ќе се случат ако премногу го критикувате партнерот

4. Ќе бара прифаќање кај друг/а

Критикуваниот партнер ќе бара некого или нешто од каде што ќе добие утеха, потврда за својот квалитет и охрабрување за иднината. Може да се затвори сам/а со книга, може таквата утеха да ја побара кај некој почувствителен, но сигурно не и кај вас ако премногу го/ја критикувате.

5. Ќе престане да ве слуша

По некое време ќе сфати дека нема ништо позитивно во вашиот критицизам и само ќе се преправа дека ве слуша и дека го прифаќа она што го велите.

6. Ќе ве гледа како товар во својот живот

Партнерот треба да биде оној/онаа кај кого ќе се бара олеснување од секојдневните тешкотии, а не некој што ќе додава уште повеќе товар. Ако критикувате премногу и партнерот почне да се грижи поради вашите зборови, очигледно дека од негова/нејзина радост ќе се претворите во проблем.

7. Ќе се претвори во ваша вреќа за боксирање на она што го мразите кај себе

Критикувањето на партнерот е форма на проекција, одбранбен механизам при кој сопствениот проблем „го гледаме“ кај некој друг и поради тоа критикуваме. Има нешто кое го мразиме кај себе, но не се мразиме самите себе туку се обидуваме истото тоа да го најдеме кај некој друг и потоа него го напаѓаме. Со преголемото наоѓање забелешки на вашиот партнер веќе сте го/ја претвориле во вреќа за боксирање на оние нешта кои не ви се допаѓаат кај себе.

10 работи што сигурно ќе се случат ако премногу го критикувате партнерот

8. Ќе ја загуби самодовербата

По толку слушање дека работите не ги прават како што треба тој/таа ќе се соочи со неодлучност, страв да преземе ризик и нема да го живее животот со полни гради. Зарем сакате тоа да му/ѝ го направите?

9. Ќе стане зависен/а од вас

По некое време ќе престанат сосема да веруваат во себе и ќе му/ѝ треба одобрување и охрабрување од вас за што и да сакаат да направат. Колку што ќе го живеете својот, толку ќе го живеете и неговиот/нејзиниот живот и сè ќе претворите во хаос.

10. Ќе ја загуби целата храброст

Ако остане доволно долго со вас и покрај прекумерното критикување, партнерот на крај сосема ќе ја загуби храброста и ќе тапка во место во секоја сфера во животот. Секој е самиот одговорен за она што се случува во неговиот живот и нема да дозволи вашите критики да го соборат освен ако некој претходно не создал услови за тоа кај него/неа, но вие сигурно ќе го забрзате процесот на неговото/нејзиното целосно уништување на животот. Затоа ако критикувате во име на љубовта, добро размислете за вашите постапки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар