10 работи кои не ви се потребни за да бидете среќни

10 работи кои не ви се потребни за да бидете среќни

Велат дека ни требаат само 3 работи за да бидеме среќни: Некого кого ќе сакаме, нешто за коешто ќе работиме и нешто на коешто можеме да се надеваме. Иако веројатно би се сложиле дека ова е многу вистинито, сепак, луѓето најчесто ги комплицираат работите. Луѓето ја бараат среќата таму каде што не постои, во површните цели и желби, во материјалните работи и брзите задоволства. Честопати се обидуваме да ги импресионираме погрешните луѓе.

10 работи кои не ви се потребни за да бидете среќни

Секако дека постојат многу краткотрајни и долготрајни извори на среќа, но постојат и многу замки, цели и желби коишто мислиме дека ќе ни донесат среќа, а се случува токму спротивното. Препознавањето на замките е од клучно значење. Нема подобро чувство од тоа кога ќе дознаете дека можете да бидете совршено среќни без некои работи што сте мислеле дека ви се неопходни. Време е да сфатите дека не ви требаат следниве 10 работи за да бидете среќни…

1. Не треба да им угодите на сите

Немојте да им давате толку многу на другите што на крајот ќе се изгубите себеси. Ако се обидувате да им угодите на сите, на крајот ќе бидете повредени. Големиот Херберт Бајер Своуп го опишал тоа на следниов начин:

„Не знам кој е клучот на успехот, но клучот на неуспехот е да се обидувате да им угодувате на сите.“

Треба да го запомните овој совет, бидејќи навистина нема да можете на сите да им угодите. Ќе има луѓе на кои нема да им се допаѓате, но ќе мора да ги исклучите туѓите мислења од глава и да уживате.

2. Не треба да очекувате дека сѐ ќе ви биде лесно во животот

Потребно е да правите некои „тешки“ работи за да бидете среќни во животот. Тоа се работите што никој друг не би ги направил, работи што ве плашат, работи што никој друг не би можел да ги направи за вас. Тие работи ќе ве доведат во ситуација да се запрашате уште колку можете да издржите така и да одите напред. Вистината е дека токму тие работи ќе ви дадат смисла и ќе ви го направат животот поубав и поисполнет.

3. Сигурност и гаранција

Некои луѓе градат премногу ѕидови околу нив, но не градат доволно мостови. Овие луѓе попрво би биле тажни отколку да ризикуваат за да бидат среќни. Немојте да бидете дел од нив. Отворете се. Обидете се. Трчајте слободно. Не треба само да дејствувате за да ги остварите вашите цели, туку и да сонувате. Имајте верба, храброст и позитивни мисли. Држете ја главата високо во облаците, а нозете цврсто на земјата. Дозволете ѝ на вашата страст да запали оган во вас за да можете секој ден да правите нешто значајно.

10 работи кои не ви се потребни за да бидете среќни

4. Не треба да бидете подобри од другите

Вашиот универзум значително ќе се намали ако се ставите себеси во центарот, мислејќи дека треба да бидете побогати, попаметни и попривлечни од луѓето околу вас. Ваквите цели ги оддалечуваат луѓето едни од други. Поединците кои не прават пресметки, не сакаат да бидат побогати, попаметни и подобри од останатите, тие поединци се слободни. Единствено можете да се споредувате сами со себе.

5. Не треба да имате контрола на сѐ и на сите

Понекогаш вложуваме премногу труд во обидите да го контролираме секој дел од нашиот живот. Научете да се опуштите и дозволете му на животот да ви го покаже патот. Неверојатните промени во животот се случуваат кога ќе одлучите да преземете контрола на она што го имате и ќе престанете да копнеете по преземање контрола на она што го немате. Најголемата среќа потекнува од неочекуваните изненадувања што се случуваат кога ќе станете флексибилни и отворени за животни пресврти.

6. Големи моменти на слава

Промоции, свадби, раскошни одмори… Сето тоа е исполнето со забава и славење, но тие моменти завршуваат, бидејќи времето тече. Ова е нешто за коешто не сме свесни на почетокот. Вистината е дека ќе ја пронајдете тајната на среќата кога ќе научите да ги цените малите работи. Можеби тоа се моментите кога си доаѓате дома, ги наводнувате цвеќињата, го гледате зајдисонцето или кога ќе ја чуете смеата на вашето дете кое си игра во соседната соба. Пронајдете ги моментите што прават вашето срце да заигра и бидете благодарни за животот што го имате.

10 работи кои не ви се потребни за да бидете среќни

7. Односи кои би „требало“ да ве направат среќни

Меѓучовечките односи се важни, но среќата доаѓа однатре и не зависи од другите луѓе. Ќе станете многу ранливи ако вашата среќа и сигурност зависат потполно од туѓото однесување. Никогаш немојте да ја предадете сета ваша сила во рацете на друга личност. Додека не се прифатите такви какви што сте, никогаш нема да бидете задоволни со она што го имате или со луѓето околу од нив. Научете да се сакате и почитувате прво себеси, пред да ја негувате идејата дека другите ве сакаат и почитуваат.

8. Совршена хармонија во секој момент

Хармонијата во односите е прекрасна кога е искрена, но честопати се обидуваме да ја одглумиме. Ефикасните разговори се од суштинско значење. Ќе бидете среќни, само доколку живеете со интегритет. Тоа значи дека не треба да прифаќате ништо помалку од она што го заслужувате во врските. Бидете јасни и изразувајте ги вашите желби и потреби. Кажувајте ја вистината иако тоа понекогаш би можело да создаде краткотрајна напнатост. Постапувајте во согласност со вашите лични вредности. Донесувајте одлуки што се темелат на вашето лично верување, а не на туѓото.

9. Подобро време и место

Главната причина зошто некои луѓе мислат дека е тешко да се биде среќен е тоа што секогаш го гледаат минатото како подобро одошто навистина било, сегашноста како полоша одошто навистина е, а иднината како безнадежна. Треба да го правите токму спротивното. Ценете го минатото без да ги преживувате истите настани одново и одново, живејте во сегашноста со полни град и не плашете се од иднината. Животот е премногу краток за да го поминете во битка со самите себе. Ослободете се од минатото и од стравот од иднината. Сфатете дека денес сте таму каде што се, бидејќи таму ве одвеле вашите желби и дела. Не можете да ја спречите иднината, не можете да го смените минатото, а ќе можете да живеете во сегашноста само ако се препуштите на моментот.

10. Среќа 24/7

Никој не е среќен цело време. Не можете да бидете среќни без да видите како е за време на тешките периоди. Тоа е суровата животна вистина. Нормално е тоа што доживувате промени во нивото на среќа секој ден, секој месец и секоја година. Ако го очекувате спротивното, само ќе се разочарате. Но, дури и тогаш кога не сте толку среќни, имате одговорност да реагирате и дејствувате. Секогаш бидете позитивни. Понекогаш доволно е едноставно да станете и да се соочите со она што ќе ви го донесе денот.

Продолжете да давате сѐ од себе, прифатете ги работите што не можете да ги контролирате и бидете благодарни за малите работи што имаат големо значење.

Прочитајте ги и овие 10 работи кои ќе ви помогнат да останете среќни во 20-тите и 30-тите години од животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар