10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

Разговарањето на телефон веќе е заменето со пораките и многу луѓе денес го одбираат овој начин на комуникација. И додека некои работи е подобро да не се кажуваат, некои пораки е подобро да ги кажете лично. Ова најмногу важи за врските. Погледнете ги 10-те работи кои не треба да ги кажувате преку пораки.

1. Што сме ние?

(1)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Разговорот за дефинирање на вашата врска е многу важен. Ако веќе сте стигнале до таа фаза каде што треба да се зборува на оваа тема, направете го тоа лично бидејќи разговорот за статусот на вашата врска преку пораки не е најдобрата идеја.

2. Те сакам

(2)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Кога сакате прв пат да ги кажете овие зборови, пораката е лош избор. Ова е нешто кое треба да го кажете лично и на никој друг начин. И како би одговорил вашиот партнер на пораката ако тој не се чувствува исто?

3. Сакаш да ги запознаеш моите родители?

(3)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Желбата да го запознаете партнерот со вашите родители е голем чекор во секоја врска, и предлогот за тоа спаѓа во разговорите кои треба да се одвиваат лично. Доколку вашиот партнер не е подготвен за овој чекор, предлогот преку порака може само да доведе до караница.

4. Ми доцни

(4)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Ова, без сомнение е една од најлошите пораки кои можете да ги пратите. Дури и ако вие и вашиот партнер се обидувате да започнете семејство, ова не е начин да ја соопштите веста. Доколку не сте во можност да се видите, а вие едвај чекате да ги кажете новостите, подобро побарајте го на Скајп, на видео, наместо со порака.

5. Имам сексуално пренослива болест

(5)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mk

Доколку имате ваков проблем, најдобро е да го споделите лично. Праќањето порака не само што ќе го исплаши, туку многу е веројатно и да го налути вашиот партнер. Ова се работи кои треба да ги споделите со партнерот, а праќањето порака е многу суров начин.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар