10 работи кои мажите не ги забележуваат кај жените
Женскиот мозок се фокусира на детали, машкиот не баш толку. Не дека не им е грижа, туку едноставно не ги забележуваат сите тие ситници кои за нас се од клучна важност. Ова се 10 работи кои мажите најчесто не ги забележуваат кај жените, и кои неретко се причинители за многу кавги.
1. Нова торба
Има иста функција како старата, ја преполнуваш со куп работи кои главно не ти се потребни, само е во различна боја.
2. Избричени/неизбричени нозе
Освен ако не наликуваат на обрасната шума, чудо големо ако има по некое влакненце.
3. Нови свеќи
Женската способност да се забележуваат детали, мириси и нијанси, мажите генерално не ја поседуваат. Воопшто не им прави разлика дали свеќата мириса на ванила или јагода, дали е истата од претходната недела или не. На крајот на краиштата, свеќа си е свеќа.
4. Нови чевли
Ретко кога ќе забележат ако не им кажете сами, факт е дека ретко кога гледаат под колената.
5. Целулит
Жените се замараат со целулитот на бутовите – мажите уживаат во облините.
6. Нова фризура
Освен ако не кажете сами, или не се појавите ќелави, не очекувајте да забележат дека сте скратиле пола сантиметар од должината на косата. Така што, нема потреба да врескате дека ништо не забележуваат.
7. Нова нијанса на кармин
Според нив твојот кармин е црвен, исто како што беше и тој вчера, нема разлика меѓу светло црвен, или вино боја или црвеникаво–розова…
8. Нови фармерки
Фармерки си се фармерки, и тие супер го истакнуваат задникот, крај на муабетот.
9. Нови декорации или промена во собата
Забележуваш нешто ново? Не, ќе ми кажеш што е новото, па да избегнеме кавга од половина саат дека ништо не забележувам?
10. Нова долна облека
Не дека нема да ја забележат, но нема да имаат време да искоментираат, така што нема потреба од лутење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.